logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


МИНИ ОДМОР НА ХАЛКИДИКИ


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Ситонија

МИНИ ОДМОР НА ХАЛКИДИКИ 

 

 по лице (6.500ден.)

 

Со посета на СОЛУН И СВЕТА ГОРА
4 дена / 3 полупансиони
Термини на поаѓање: 30.04 | 03.05. | 06.05. | 09.05. | 12.05. | 15.05. & 18.05.2022

01.ден     СКОПЈЕ - СОЛУН - ТОРОНИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица - Евзони. Посета на Солун и панорамско разгледување на градот: Виа Игнациа, црквата Св.Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот Форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула, Археолошкиот и Византискиот музеј... Околу 13.00 часот, патувањето продолжува кон Халкидики. По пристигнувањето, сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
 
02.ден     ТОРОНИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и капење на прекрасната плажа во Торони. Мирното место нуди безброј можности за убав ручек во некоја од бројните таверни или кафулиња долж неговата песочна плажа. Вечера. Ноќевање.  
 
03.ден     ТОРОНИ - СВЕТА ГОРА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности во Торони, или целодневен факултативен излет до Уранополис со крстарење покрај монашката држава - Света Гора. Неповторлива можност за крстарење со брод и набљудување на дел од познатите светогорски манастири, распослани низ западната страна од Атос - третиот крак на Халкидики. Слободно време за ручек во Уранополис. Враќање во хотелот во доцните попладневни часови. Вечера. Ноќевање.
 
04.ден     ТОРОНИ - НЕОС МАРМАРАС - СКОПЈЕ      
Појадок. Заминување кон Неос Мармарас - најголемото место на Ситонија, амфитеатрално поставено над убавите заливи и плажи, со прекрасна панорама кон Егејското море. Слободно време за прошетки покрај шеталиштето и марината, или за уживање во некој од баровите на градската песочна плажа со кристално чисто море. Попладне, заминување за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
  
Цена на аранжманот: 6.500 мкд
* Дете 0-2 години = БЕСПЛАТНО
* Дете 2-12 години = 4000 мкд
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел “Toroni Blue Sea (Old wing **)”, на база 3 полупансиони 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативен излет до Уранополис со крстарење покрај Света Гора (30 €)
- Патничко осигурување
  
НАПОМЕНИ: 
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
- Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравствените органи по последна примена вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена, а максимум 270 дена.
- Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 24 часа.
- За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
 
Аранжманот опфаќа
 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел “Toroni Blue Sea (Old wing **)”, на база 3 полупансиони 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Аранжманот не опфаќа
 
- Факултативен излет до Уранополис со крстарење покрај Света Гора (30 €)
- Патничко осигурување
 
Корисни информации
 
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
 
 

Слични понуди

TORONI BLUE SEA (OLD WING **+)

TORONI BLUE SEA (OLD WING **+)

HOTEL TORONI BLUE SEA (OLD WING **+) Локација: хотелот е лоциран во непосредна близина на песочната плажа во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија, Халкидики.Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, pool бар, snack бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, мини маркет...Сместување: Хотелот е организира
ХОТЕЛ GOLDEN BEACH 3* - МЕТАМОРФОЗИ

ХОТЕЛ GOLDEN BEACH 3* - МЕТАМОРФОЗИ

ХОТЕЛ GOLDEN BEACH 3* - МЕТАМОРФОЗИ   Хотел GOLDEN BEACH 3* - Метаморфози   Хотелот ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис. Хотелот располага со 47 соби. Собите се опремени со фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет, кој оваа година е комплетно реновиран.
ВИЛА ФЕЈ - ТОРОНИ

ВИЛА ФЕЈ - ТОРОНИ

ВИЛА ФЕЈ - ТОРОНИ   ТОРОНИ    Апартхотел ФЕЈ      Торони е мал град лоциран на југоисточниот дел од полуостровот Ситонија. Долгата песочна плажа и тиркизната боја на егејот заокружени со боровата шума го прават ова место вистински рај. Убава пешачка патека покрај плажа, многу детски занимливости, ресторани, м