logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Villa ARGO - Врахос


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Јонски Брег - Апартмани

Villa Argo е лоциранa на првата линија од објекти изградени долж шеталиштето крај долгата плажа на Врахос. Скалесто поставен врз падините на блискиот зелен рид, овој објект се карактеризира со повеќе убаво опремени студија и апартмани, сите ориентирани со  странични или директни погледи кон морето. Сите единици располагаат со мини кујни, спални соби, тоалети и балкони со гарнитури за седење, а апартманот на најгорниот кат со "француски балон" и најубава панорама кон морската шир. Близината на песочната плажа и шеталиштето, како и бројните туристички содржини во местото, ветуваат дека сместувањето во оваа вила е одличен избор за вашиот планиран летен одмор.

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

 

Прв кат:
студио бр. 1 тип 1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 140 cm и еден единечен кревет со широчина 90 cm)
• Студиото има еден брачен кревет со широчина 140 cm и еден единечен кревет со широчина 90 cm, клима, LCD ТВ, плакар и огледало. Кујната е одвоена со ѕид во ходникот, но без врата опремена со мал фрижидер со комора за замрзнување, мини шпорет, микробранова печка, аспиратор, висечки елементи и елемнти под лавабо маса и столици. Прозорите имаат ролетна и завеса. Тоалетот има туш кабина. Балконот е голем и го дели со студио број 2. Има поглед во ѕид и поглед на море.
 
студио бр 2. тип 1/2+1  (еден брачен кревет со широчина 140 cm и еден единечен кревет 90 со широчина cm)
• Студиото има еден брачен кревет со широчина 140 cm и еден единечен кревет со широчина 90 cm, клима, LCD ТВ, плакар и огледало. Кујната е одвоена со ѕид во ходникот, но без врата опремена со мал фрижидер со комора за замрзнување, мини шпорет, микробранова печка, аспиратор, висечки елементи и елемнти под лавабо маса и столици. Прозорите имаат ролетна и завеса. Тоалетот има туш кабина. Балконот е голем и го дели со студио број 1. Има поглед во ѕид и поглед на море.
 
Втор кат:
студио бр. 3 тип 1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 140 cm и еден единечен кревет 90 со широчина cm)
• Студиото има еден брачен кревет со широчина 140 cm и еден единечен кревет со широчина 90 cm, клима, LCD ТВ, плакар и огледало. Кујната е одвоена со ѕид во ходникот, но без врата опремена со мал фрижидер со комора за замрзнување, мини шпорет, микробранова печка, аспиратор, висечки елементи и елемнти под лавабо маса и столици. Прозорите имаат ролетна тенда и завеса. Тоалетот има туш кабина. Балконот е голем со поглед на море, опремен со маса и столици.
 
студио бр. 4 тип 1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден единечен кревет со широчина 90 cm)
• Студиото има еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден единечен кревет со широчина 90 cm, клима, LCD ТВ, плакар и огледало. Кујната е одвоена со ѕид во ходникот, но без врата опремена со мал фрижидер со комора за замрзнување, мини шпорет, микробранова печка, аспиратор, висечки елементи и елемнти под лавабо маса и столици. Прозорите имаат ролетна тенда и завеса. Тоалетот има туш кабина. Балконот е голем со поглед на море, опремен со маса и столици.
 
Трет кат:
Aпартман број 5 тип 2 bedroom 2/2+1 (два брачни кревети со широчина 150 cm, еден единечен кревет со широчина 90 cm и софа со широчина 150 cm x дочжина 200 cm)
No Balcony SV
• Апартманот е во подкровје и има дневна, две спални, кујна во склоп на дневната и тоалет. Влезот во апартманот е во дневната со кујна која е опремена со софа на спуштање со широчина 150 cm и должина 200 cm (на барање може да се смести шестто лице на софата) и клуб маса. Кујната има голем фрижидер со комора за замрзнување, мини шпорет, микробранова печка, аспиратор, висечки елементи и елементи под лавабо, маса и столици. Лево од влезот се двете спални. Левата спалана има еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден единечен кревет со широчина 90 cm, плакар и двосед. Во десната спална има еден брачен кревет со широчина 150 cm, плакар, огледало и двосед. Прозорите од дневната имаат ролетна, а прозорите на подкровјето имаат венецијан роелтни. Во тоалетот има туш кабина. Апартманот нема балкон, има големи шибер прозори од денвната кои имаат пубав поглед кон море.
- Во апарманот може да се сместат шест луѓе на барање и одобрување од сопствениците.
 
ЗАБЕЛЕШКА: Има надворешен туш и тоалет за користење за време на смена, нема Wi Fi Internet. Користење на клима се доплаќа кај сосптвеникот 7 Еур на ден.

 

ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ 

 

 

  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК | НАЕМ - 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

 

  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- Употребата на клима уред (ac+) се доплатува 7€ на ден во објектот (каде што е достапен), 
- Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот) 
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. 

Туристичка такса во Грција за 2024
*Цената е изразена од соба по ноќевање

                                   Ноември-Фебруари                         
Март-Октомври

Хотел 1/2*:                           0,5 €                                             1,5 €
Хотел 3*:                              1,5 €                                             3,0 €
Хотел 4*:                              3,0 €                                             7,0 €
Хотел 5*:                              4,0 €                                           10,0 €
Апартмани/Студија:            0,5 €                                             1,5 €
Вили:                                    4,0 €                                           10,0 €


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 2 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
- Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
- Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
- Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
 одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
 вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.  Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:

1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

 

 

 


Слични понуди

Villa PHILOXENIA - Врахос

Villa PHILOXENIA - Врахос

Villa Philoxenia се состои од два објекта кои се наоѓаат во близина на плажата од левата страна на Врахос, гледано во правец кон Превеза и Лефкада. Вниманието на гостите го привлекува со нејзиниот современ изглед, пространиот и со зеленило збогатен двор, како и со убаво уредените единици за сместување. Сите единици се карактеризираат со посебни спа
Villa EVIS - Парга

Villa EVIS - Парга

Вила Евис се наоѓа во близина на плажата Валтос, која се наоѓа западно од градот и оддачечена е околу 20 минути пешачење од центарот на Парга.Плажата Валтос е на 550 метри од објектот, исполнета со ситен песок и камења и се карактеризира со прекрасно зеленило кое се наоѓа веднаш до плажата, како и со кристално чиста вода. Вилата е опкружена со двор
Villa MATHINA - Парга

Villa MATHINA - Парга

Villa Mathina  е убава куќа, лоцирана на десната страна на Парга во близина на патеката која води кон големата плажа Валтос. Во својот состав таа брои неколку студија кои се опремени со соодветен мебел, Wi-Fi, тоалет, мини кујна, ТВ и клима уред, како и балкони со поглед кон градот. Нивната уреденост и локација, како и одличниот сервис на дома
Villa MARGARITA - Агиос Никитас

Villa MARGARITA - Агиос Никитас

Villa Margariti е еден од малиот број на објекти за сместување, распоредени долж главната улица во живописното градче Агиос Никитас. Делејќи го приодот со другиот објект од нашата понуда, оваа вила воглавно располага со двокреветни студија за сместување. Сите студија се опремени со мини кујна, балкон и сопствен тоалет, ТВ и клима уред, како и WiFi