logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


НОВА ГОДИНА 2023 ВО МАЛАГА - ШПАНИЈА


Информации за сместувањето

Држава: Шпанија
Место: Малага

Нова година 2023 во центарот на Малага - Шпанија
Авионска екскурзија
Дати:
 27.12.22 - 02.01.23
7 д
ена / 6 ноќевања

Осетете ја неспоредливата атмосфера на празничните декемвриски денови во центарот на еден од најубавите плоштади во Шпанија - Plaza de la Constitución, доживејте незаборавно улично парти по шпанска традиција со уникатните концерти на живо, допрете ја традицијата на Малага со грандиозното украсување на најскапата улица во центарот Callе Larios – светски позната со своето светлечко и звуковно шоу, различно секоја година. Освен Calle Larios, скоро 3 милиони светилки светат во целиот централен историски дел на Малага - Calle Granada, Calle San Juan, Calle Cárcer - улицата, која води до театарот „Сервантес“, Plaza de la Marina, Plaza del Obispo до осветлената фасада на катедралата, Huelin Park - со осветленото езеро, Paseo de Parque со долг дел од светилки, кои најдобро се гледат за време на прошетката, како и Plaza de la Merced, каде се наоѓа куќата на великиот уметник Пабло Пикасо.

Пакетна цена на турист:

  • Со сместување во хотелот Atarazanas Málaga Boutique 3* - 1060 евра

  • Со сместување во хотелот NH Malaga 4* - 1190 евра


Програма на патувањето:

1-ви ден - 27.12.2022 (Вторник): Полетување од аеродром Софија, Терминал 2 со полет на АК „България Ер” во 15:20 часот. Пристигнување на аеродром Малага во 18:10 часот, дочек, трансфер и сместување во хотели, кои се наоѓаат во централниот дел на градот во близина до историскиот центар на старата Малага со многу ресторани, продавници, споменици и музеи, блиску до плажата и блиску до големиот трговски центар “El Corte Inglés Málaga”. Од 20:00 часот - Ноќна обиколка на градот во автентичниот и модерен дел, под светлините на осветените улици на еден од нај украсените градови во Шпанија. Родното место на личности како Пабло Пикасо и Антонио Бандерас, градот ги сочувал ракописите на феникијанците, римјаните, визиготите и маврите. И до денес Малага ги воодушевува сите посетители. Ќе се посетат најубавите историски места во центарот на градот со уникатното раскажување на нашиот професионален екскурзовод. За време на ноќната прошетка ќе преминеме низ плоштадот Plaza de la Merced со куќата каде е роден великиот уметник Пабло Пикасо, ќе се спуштиме низ автентичните лавиринтни улички во центарот, преку Музејот на Пикасо, за да излеземе во подножјето на замокот Алкасаба, изграден на стара римска тврдина од 1057 г. и најстариот Римски амфитеатар од I век пр.н.е. (однадвор). Ќе го видите и Музејот на Малага - зградата на бившата морска царина, во која се наоѓаат Музејот на извонредните уметности и археолошкиот музеј на провинцијата Малага. Тргнуваме кон величествената Катедрала на Малага (1528 г.), после што ќе преминеме низ најукрасената централна трговска улица „Маркиз де Лариос“, која ги соединува Плоштадот Марина и Плоштадот на Уставноста - местото, на кое жителите на Малага традиционно ги одбројуват последните минути на старата година со гроздови зрна, чаша вино, грандиозни концерти на живо, светлечко шоу и зората, многу танци и веселба. Враќање во хотелот, ноќевање.

2-ри ден - 28.12.2022 (Среда): Појадок. Слободно време или можност за Дополнителна екскурзија до Гранада и посета на дворецот Алхамбра. Гранада - за неа кажуваат, дека е еден од најубавите градови на светот. Поети, музиканти и артисти били воодушевувани од Гранада. Интерес преставуваат Албисинскиот кварт, дворецот Алхамбра – најпознатото дело на арапската култура во Шпанија, импресивна комбинација на палати и утврдувања. Алхамбра e споменик на УНЕСКО, еден од најубавите природни и културни пејсажи на светот, раскошно украсена, со испреплетени во неа: мистика, езотеризам, херметизам, символогизам, историја, митови и легенди. Алхамбра е алхемијата на мудреците, римата на поетите и пасажи од Корана, симболизирајки ги божественото и човечештвото. Таа е палати, рајски градини, мириси на јасмин и азара, разладувачки водни канали од реката Даро и резиденција на султани. Алхамбра успева да ги зачува и до денес своите културни богатства, во конбинација со магијата на природата, и покрај тешкиот товар на изминатото време. Ќе ја имаме привилегијата да ги посетиме овие великолепни палати на назирските султани, на императорот Карлос V, како и рајските градини и резиденцијата Хенералифе. Утрото - отпатување од хотелот. Пристигнување во Гранада. Панорамна обиколка на градот. Слободно време за самостојна прошетка. Возможност за ручек во реонот со множество ресторани со типична кујна (по желба). Во определениот од екскурзоводот час, се упатуваме со автобусот кон дворецот Алхамбра. Се посетуват назирските палати Мексуар, Комарес и Палатата на лавовите, рајските градини, кои што ќе Ве пренесат векови назад. Дворецот на Карл V и градините на Хенералифе - летната резиденција на султаните со многу фонтани, градини, пејсажи и типична муслиманска архитектура. Од тука можете да се насладите на прекрасна гледка кон градот и Сиера Невада. Отпатување од Гранада. Враќање во хотелот околу 18:00 часот, слободно време за вечера. Ноќевање.
Цена: 79 евра - возрасен; 64 еврa - дете до 11,99 г.
Цената вкл
учува: транспорт со автобус, екскурзовод, локален екскурзовод за посетата на Алхамбра, посета на градот со придружнк екскурзовод, билет за Алхамбра и Градините на Хенералифе.

3-ти ден - 29.12.2022 (Четврток): Појадок. Слободно време или можност за Целодневна екскурзија до Кордоба. Aмблематичната Кордоба е бивша престолнина на римската провинција Бетика, бисерот на независното од Багдад емирство на Омаја во Андалузија, кое покасно се претворил во Халифат. Градот изникнува како раскошен букет, образуван од многувековното присуство на религии, култури, традиции, украсени со муслиманска архитектура, која успеала да се сочува до денес. Ќе имаме привилегија да се прошетаме низ привлечните тесни улички на стариот историски град со карактерните андалузиски дворови и бижутерски ателиња. Ќе го видиме Стариот римски мост, плоштадот на Триумфот и неговиот споменик, круната, на која е статуата на Свети Рафаел, еврејскиот кварт, каде се раѓа познатиот теолог, равин, лекар и филозоф Мајмонид. Нема да пропуштиме и да се упатиме до Улицата на цвеќињата, паркот Алболафија со репликата од старовременскта водена норија, која се наоѓа до најдолгата река во Андалузија, именувана со арабското име Гуадалкивир. Бисерот на оваа екскурзија е посетата на Џамијата Катедрала на Кордоба, споменик на УНЕСКО, еден од најважните монументи на целиот западен муслимански свет. Пред нашиот поглед ќе се разкрие богат мозаик од великолепна муслиманска архитектура, дополнета со убави арабески, трилистни арки, мавритански виножита, мраморни колони, епиграфски надписи. Сето тоа, комбинирано со христијанскиот стил на Католичката црква, создава атмосфера на мистика и симболика. Слободно време, отпатување од Кордоба. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Цена: 75 евра- возрасен; 60 евра - дете до 11,99 г.
Цената вкл
учува: екскурзовод, транспорт, локален екскурзовод, влезница во Катедралата во Кордоба.

4-ти ден - 30.12.2022 (Петок): Појадок. Слободно време или можност за Целодневна екскурзија до Ронда. Ронда е еден волшебен стар град, расположен врз плато, формирано од високи карпи, разделени на две, како резултат на издлабеното со векови корито од реката Гуадалевин и сврзани помеѓу себе со грандиозен амблематичен арковиден мост наречен “Puente Nuevo”. Од тоа магично место се открива една раскошна панорама. Ронда е градот на бикоборството и пример за тоа е познатата Арена на биковите, која ќе имаме возможност да ја посетиме. Во неа ќе научиме повеќе за традицијата на коридата, воспоставена со векови во Шпанија, ќе се запознаеме со историјата на познати тореадори като Педро Ромеро, Манолете и фамилијата Ордонез. Следува прошетка во паркот Аламеда со неговите тераси, од кои ќе се насладиме на прекрасна гледка. Ќе минеме преку импозантниот мост, од кои се гледат типични андалузиски киќи, хотели и ресторани, изградени на необичен начин во прозирните карпи на 100 метра над реката. Слободно време, за да можете да се насладите на таа неверојатна атмосфера и да седнете на некоја традиционална со мирис на јасмин тераса. Не треба да ја пропуштите и можноста да пробате типично јадење на Ронда - опашка на бик, придружено со чаша локално домашно вино. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Цена: 70 евр
а- возрасен; 55 евра - дете до 11,99 г.
Цената вкл
учува: транспорт, екскурзовод , влезница за Арената на биковите.

5-ти ден - 31.12.2022 (Сабота): Појадок. Слободно време или можност за Дополнителна целодневна екскурзија до Гибралтар и Марбеja со посета на јахтеното пристаниште Пуерто Банус. Гибралтар е мала прекуморска територија на Велика Британија, која граничи со Шпанија. Уште пред илјади години бил посетуван од феникијци, а според легендите тука се наоѓаат „Херкулесовите столбови“, после што митскиот херој го разделува континентот на две. Покасно тоа стратегиско место било населено од муслиманите, после што два пати преминува под владението на шпанската монархија. Англичаните се тие, кои го освојуват на почетокот на XVIII век и оттогш до сега територијата е нивна сопственост. Овие историски собитија и многу други играат важна улога во неговиот развој. Ќе имаме можност да се качиме на мали бусови и да направиме една многу пријатна и лесна прошетка низ карпата, запирајки цело време на определени места за разгледување. Ќе стигнеме до гробиштата на ветераните од битката кај Трафалгар, низ дел од тунелите на карпата, ќе продолжиме до најјжната меридијанска точка, каде ќе слеземе и ќе можеме да ги видиме од едно место континентот Африка (Мароко) и Шпанија, наоѓајки се во владението на Велика Британија. По кратка пауза ќе продолжиме со бусовите, искачувајки се на 300 метра надморска височина, за да ја посетиме пештерата Сан Мигел, која ќе не изуми со своите убави сталактити и сталагмити. Целата оваа убавина се дополнува од специјални светлосни и звукови ефекти. Тука е и местото за снимки со палавите берберски макаци – мајмуни, симболи на оваа територија, кои живеат во одделни групи. Ќе посетиме и една од хранителите на овие животни, од кои ќе можеме да се насладиме на неверојтната гледка од високо. Следува слободно време за самостојна прошетка низ главната улица Меин Стрит за шопинг или кафе. На враќање кон хотелот ќе се одбиеме за кратко до така нареченото „шпанско Монте Карло“, кое е пристаништето Пуерто Банус во Марбеја. Слободно време. Враќање во хотелот околу 18:00 часот. Новогодишна вечера. Ноќевање.
Цена: 75 евра- возрасен; 60 евра - дете до 11,99 г.
Цената вкл
учува: транспорт со автобус, екскурзовод, билет за пештерата Сан Мигел, мини бусови за панорамна обиколка во Гибралтар и посета на Пуерто Банус, Марбеја на враќање.

Пречек на Новата 2023 година !!!

  • За гостите на хотел NH Malaga 4* - По желба доплаќање за Новогодишна вечера - 215 евра по човек во ресторанот на хотел NH Malaga 4*.

  • За гостите на хотел Atarazanas Málaga Boutique Hotel 3* - Новогодишна вечера - 225 евра по човек во ресторанот на хотел NH Malaga 4*.

6-ти ден - 01.01.2023 (Недела): Појадок. Слободно време или можност за Дополнителна екскурзија до престолнината СевилјаСевилја, како многу луге ја нарекуват „град градина“ е престолнина на Андалузија, исполнета е со легенди, митови за важни во историјата на човештвото случувања, како испловувањето на Колумбо во барањето на „Индија“ и околусветското патување на Магелан. Различни се мненијата околу создавањето на Севолја, така некои исторчари се убедени, дека тоа се должи на тартезите. Но и покрај противречностите, со течение на вековите Севилја го зачувува митот и за феникијскиот морепловец Мелкарт, кој стига до таа земја во 1000 г. пр. Хр. И ја гради првата трговска факторија, нарекувајки ја Хиспалис. После смртта овој херој е обожаван и наречен Херкулес. Покасно тогашниот претор на Шпанија - Гај Јулие Цезар ќе ја постави својата резиденција таму и ќе изгради огромни заштитни тврдини, нареувајки го градот Колонија Хулија Ромула Хиспалис. Алмохадите ќе ја превратат Севилја во своја престолнина на Ал-Андалус, изградувајќи огромната Џамија ал-Халиба („Вечната“), минарето на која и до денес е зачувано како основа на познатата камбанарија, наречена Хиралда. Кралот на Кастилија Свети Фернандо III го ослободува градот од муслиманското владеење и после неговите смртни останки ќе бидат положени во Кралскиот параклис на местната Катедрала. Овој огромен мозаик од култури е сочуван и до денес во Кордоба и е видлива зад секој агол на градот. Пример за тоа е квартот Санта Круз, Златната кула до брегот на реката Гуадалкивир, стариот Алказар на христијанските кралеви, плоштадот Шпанија, градините на Мурилјо и, пред се, најголемата готска Катедрала во светот, наречена Санта Марија де ла Седе. Ќе имаме привилегија да минеме по овие места, да влеземе во Катедралата и да се насладиме на најголемиот алтар во христијанството, на една неверојатна архитектура, придружена од безброј слики, некои од кои припаѓаат на Сурбаран, Мурилјо, Луис де Варгас, Педро де Кампанја, Гоја. Ќе разгледаме и скулптури, направени от Педро де Мијан, Педро Дуке де Корнехо, Педро Дункарт, како и да ги видиме параклисите и саркофазите на видни личности, меѓу кои е и гробот на Кристофер Колумбо. Откако ќе ја завршиме нашата обиколка, ќе имаме слободно време, за да можеме да се насладиме на овој волшебен град. Отпатување од Севилја. Враќање во хотелот околу 19:00 часот, слободно време. Ноќевање.
Цена: 75 евра - возрасен; 60 евра - дете до 11,99 год.
Цената вкл
учува: транспорт со автобус, екскурзовод и локален екскурзовод.

7-ми  ден - 02.01.2023 (Понеделник): Појадок. Ослободување на хотелот во 12:00 ч. Слободно време во Малага или можност за Дополнителна екскурзија до Михас и храмот на Буда во андалуското градче Беналмадена Пуебло. Екскурзијата ќе започне околу 09:30 часот со посета на убавото андалузиско градче Беналмадена Пуебло, кое е почеток на самиот град Беналмадена. 45 мин слободно време за прошетки низ убавите автентични улички на местото, после што продолжуваме до најголемиот храм на Буда во Западна Европа, кои ќе го разгледаме однадвор (ако е отворено, туристите можат да го посетат бесплатно самостојно). Храмот е изграден на специјално избрано место, кое нуди на посетителот една прекрасна панорамна гледка, од која се гледат неколку града - Фуенхирола, Беналмадена, Торемолинос, а понекогаш и брегот на Африка. После обиколката на Беналмадена тргнуваме кон Михас - типичен андалузиски град, разположен во подножјето на планината Sierra de Mijas во провинцијата на Малага. Карактеристичен со своите мали кривулести улички, тој мислиш се излизгуват облеките на непознатото, за да ја открие својата необична култура, фолклор, гастрономија и многугодишна традиција, сочувана од безмилостното влијание на времето. Овој мозаик од разнообразна архитектура, аромати, пејсажи и вкусови е резултат на мирните взаимноодноси и обмем на познанства, кои постоеле благодарение на вековното сожителство меѓу арапи, христијани и евреи, често споменувани, како "Трите култури". Ќе имате возможност да се прошетате самостојно низ кривудавите автентични улички на овој уникален традиционален град, да се повозите на емблематичните таксија - магарињата, кои се и симбол на Михас. По желба може да ги посетите и старата арена на бикови, како и миниатурниот музеј. А зашто да не се насладите и на чаша вино на една изклучителна панорамна гледка. 
Цена: 35 евра по човек.
Цената вкл
учува: транспорт со автобус и екскурзовод.
Отп
атување за Малага. Околу 15:30 часот трансфер до аеродромот во Малага. Полет до Софија со АК „България Ер” во 18:35 часот. Пристигање на аеродромот Софија - Терминал 2 во 23:10 часот.

Необходни документи:

  • Меѓународен пасош со мин. валидност 6 месеца од датата на патување.

  • За деца до 18 години, кои патуваат со еден или без родител, нотарска заверка од едниот или двата родители!

  • Патувањето е без виза и без медицински барања за имунизации!


Начин на плаќањеДепозит при резервирање и склучување на договор - 400 евра по човек. Доплаќање до 12.12.2022 г.

Плаќањето се извршува во канцеларија или преку банкарска сметка!
 

Програмата се проведува при минимум 30 запишани туристи. Во случај, неопходниот број туристи да не е собран и програмата нема да се оствари, туристите што платиле ќе бидат информирани 20 дена пред датата на патување.

 

Услови за анулација: Патниците имат право да го прекратат еднострано договорот пред започнувањето на испoлнувањето на туристичкиот пакет после плаќањето на следните суми:

  • до 40 дена пред датата на патување - без казна

  • од 39 до 31 денсе задржува депозитот

  • од 30 до 0 ден -100% од целиот договор

Во случај, ПАТНИКОТ да го прекрати доброволно своето патување, додека трае патувањето сите трошоци, вклучително и транспортните, се на негова сметка.
ПАТНИКОТ има право да го префрли правото на патување на трето лице во рок сообразно спецификата на дестинацијата, издавање на авионски билети за меѓународни летови и не покасно од 15.12.2022г.,и се задолжува да плати на ТУРОПЕРАТОРОТ само суми, сврзани со евентуалното преиздавање на билетите.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • Авионски билет Софија - Малага - Софија со вклучени аеродромски такси и багаж 23 кг. чекиран + 10 кг. и рачен во салонот на авионот.
  • 6 ноќевања со појадок во избраниот хотел

  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром

  • Медицинско осигурување „Помош при патување во странство” со покритие 10 000 евра

  • Пешачка вечерна обиколка во центарот на Малага со екскурзовод

  • Пречек и услуга од локален екскурзовод за време на престојот во Шпанија

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително доплаќање за медицинско осигурување за туристи над 66 г.
  • Дополнителни екскурзии

  • Новогодишна гала вечера

  • Трошоци од лична природа

  • ОсигурувањеЗамена на патување


Забелешки:

  • Дополнителните екскурзии се по желба и се валидни при минимум од 20 луѓе!

  • Распоредот на дополнителните екскурзии по денови во програмата е условно!

  • Точните денови на спроведувањето на екскурзиите ќе бидат  доставени 2 седмици пред патувањето!

  • Закажувањето и плаќањето на дополнителните екскурзии се изврушва во Скопје

  • Возможна е промена на часовите на летовите од страна на авиокомпанијата!


Описание на хотелите по прогрмата:


Хотел NH Malaga 4*
Хотелот, реновиран 2019 г., е на брегот на реката Guadalmedina. Во историскиот ТОП центар на стариот дел на градот Малага со многубројни ресторани, продавници, споменици и музеи, на 500 м од улицата Larios и Плоштадот на Уставноста, на 15 мин. од плажата и во близина до големиот трговски центар “El Corte Inglés Málaga”.

Во хотелот: основен ресторан, модерна тераса, 24 ч рецепција, сеф на рецепцијата, wi-fi интернет - бесплатен.

Соби: безжичен интернет - бесплатен, мини бар, сеф, ел. бокал, бања, фен, сателитска телевизија, клима, Двокреветна соба стандард - 25 кв.м.


Хотел Atarazanas Málaga Boutique 3*
Бутик, мал и пријатен хотел сместен до пазарот Атаразанас, опкружен со редица тапас барови, ресторани и ресторани за брза храна. На неколку минути пешачење од ТОП центарот на Малага и главната улица Marques De Larios до сите историски знаменитости на градот, на пешачко разстојание од Стариот град и Плоштадот на Уставноста, на кој традиционално се дочекува Новата година од жителите на Малага. Привилигираната местоположба ќе ви дозволи да го разгледате целиот град пешки, без да е необходно да користите јавен транспорт.

Во хотелот: 24 часа рецепција, 81 соби, безжичен интернет - бесплатен во сите простории
Појадок на шведска маса вклучува богат избор од видови леб, слатки, студени меса, сирења, разни плодови, кисели млека и дресинзи, различни семенски и зрнести храни, како и топла кујна: сланина, колбаси и други деликатеси.

Соби: ладилник, сеф, LCD телевизор, клима, бања, фен.




Слични понуди