тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Држава: | Шпанија |
Место: | Коста Азаар |
КОСТА АЗААР - ПОРТОКАЛОВИОТ БРЕГ:
ВИНАРОС, ВАЛЕНСИЈА, ПЕНИСКОЛА И МОРЕЈА
ДАТИ: 2-9 СЕПТЕМВРИ,
Вид транспорт: Авион
Коста Азаар-Портокаловиот брег - Шпанија
Одмор на море на Портокаловиот брег - Коста Азаар, Шпанија
Винарос - престолнината на ракчињата
Валенсиja, Пенискола и Мореja
Дати на одморот: 2-9 септември 2023
7 ноќевања на полн пансион со пијалоци во хотел 4* во одмаралиштето Винарос
2 екскурзии во Барселона и Винарос, вклучени во цената!
Одмаралиштето Винарос нуди долги песочни плажи, интересен историски центар со голема пешачка трговска зона и неповторливи кулинарни искушенија, така што градчето е познато со висококвалитетните морски плодови и најповеќе со своите ракчиња.
Пакетна цена на турист: 829 евро
Програма на одморот:
2 септември. Поаѓање од Софија за Барселона со редовен лет на а/к „България еър“ во 07:00 ч. Пристигање во Барселона во 09:10 ч. Пречек од претставникот на туроператорот. Панорамна обиколка на Барселона со локален водич вклучена во цената: Пасео Грација, Плаза Каталуња, Плаза Еспања, како и познатите архитектонски ремек дела на Антонио Гауди: Саграда Фамилила, куќата на Мило и Батијо, улицата на артистите Рамбла, споменикот на Колумбо, Пристаништето. Отпатување за одмаралиштето Винарос, лоциран на Коста Валенсија - Портокаловиот брег (200 км). Сместување. Вечера. Ноќевање.
3 септември. Појадок. Пешачка екскурзија со екскурзовод во Винарос (вклучена во цената). Винарос е прекрасно градче со широка крајбрежна панорамна зона за прошетки со широки и долги плажи. Се гордее со своите свежи морски продукти и е познат како престолнина на ракчињата, на кои е посветен цел споменик. Се наоѓа во најсеверниот дел на областа Валенсија, на границата со Каталонија и е едно од најголемите и најважни пристаништа во средновековна Валенсија. За време на обиколката ќе ги видиме: крабрежната алеја, Централниот пазар, црквата Сан Аугустин, црквата Вознесение Богородично од 16 в., која од едната страна е црква, а од другата - тврдина. Ќе минеме покрај останките од Старото готско градско собрание и ќе го видиме Новото градско собрание, уживајки во изгледот на модерните домови на богатите трговци, кои живееле тука на почетокот на 20-ти век. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
4 септември. Појадок. Слободен ден. Ручек. Вечера. Ноќевање.
По желба: Целодневна екскурзија до Валенсија. Цена - 69 евра на турист при минимум 18 запишани туристи. Цената вклучува: транспорт и екскурзовод, не вклучува влезни такси за објектите по желба: Катедралата - 8 евро, Берзата за Свила - 2 евро, Биопарк - 24 евро, Аквариум - од 29 евро.
Валенсија е третиот по големина град во Шпанија со најголемиот сочуван историски центар. Ќе се прошетаме низ историјата од времето на римјаните, преку рицарите до ден днешен. Во Катедралата на Валенсија се чува Светиот Грал, а самиот град бил последна станица по Патот на свилата. Ќе ги видиме: Берзата на свилата, Централниот пазар, Базиликата и Катедралата Дева Марија , за да стигнеме до Градот на уметноста и науките - едно парченце од блиската иднина. Во слободното време ќе можете да се посетите самостојно најголемиот аквариум во Европа или Биопаркот - една од најубавите зоолошки градини на светот.
5 септември. Појадок. Ручек. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.
6 септември. Појадок. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.
По желба: Целодневна екскурзија до Мореја и Пенискола. Цена - 65 евро на човек при минимум 18 запишани туристи. Цената вклучува: транспорт и екскурзовод; не вклучва: влез во црквата Мореја - 3 евро, влез во тврдината Мореја 3,50 евро, Папски дворец - 5 евро. Мореја е споменик под заштита на УНЕСКО, градчето го сочувало изгледот од пред 10 века. Во Мореја се наоѓа една од најубавите и богато украсени готски цркви на областа Валенсија. За време на обиколката ќе минеме низ главниот влез на градот - кулите Сан Мигел, по малите средновековни улички покрај Градското собрание, ќе ги видиме и убавите аристократски куќи и ќе се искачиме до врвот на ридот, каде е Базиликата на Богородица. Таа е изградена во карпите и е едно исклучително дело на уметноста. Слободно време за посета на црквата и тврдината. Продолжуваме за Пенискола. Пенискола е полуостров, сврзан преку тесна песочна ивица со континентот. Старо градче, создадено од феникијски, картагенски и грчки колонизатори. Славата ја добива во Средните векови, кога станува третиот папски град (после Ватикан и Авињон) во христијанскиот католички свет. Во него живеел, издавал були и пишувал трудови саканиот папа Луна. Тука се наоѓа и една од најголемите темпларски тврдини во Шпанија. Легендата раскажува, дека од оваа тврдина монасите-воини се качиле на брод и исчезнале од лицето на светот, за да се пртворат во мит, кој продолжува да бранува писатели, режисери и историчари. Ќе се прошетаме во историскиот центар, ќе ја видиме Тврдината од 13 век, Дворецот на Папа Луна и градините на замокот.
7 септември. Појадок. Слободен ден. Ручек. Вечера Ноќевање.
По желба: Целодневна екскурзија во Беникасим и Кастејон де ла Плана. Цена - 45 евро на запишан турист при минимум 18 запишани туристи. Цената вклучува: транспорт, екскурзовод.
Беникасим - Валенсискиот Биариц, сакано од богатите фамилии од областа за одмор. Ќе се прошетаме по кројбрежната променада, за да ја видиме Алејата на вилите, Вила Пилар, Кулата Сан Висенте, црквата Сан Тома и ќе дегустираме карактеристичните за реонот ликери и вина во визбата на Кармелитскиот манастир. Продолжуваме кон Кастејон - 13 км.
Кастејон де ла Плана е престолнина на третата провинција во областа Валенсија. Симболот на градот е готската катедрала Дева Марија, изградена во XIII век и разрушена во почетокот на ХХ век, за да биде обновена во почетокот ХХI век. Ќе видиме: Часовниковата кула Ел Фадри, ренесансната зграда на Градското собрание и дворците, претворени во уметнички галерии. Тука е и зградата на Берзата за Коноп - споменик за битка на населението во блиското минато. Пешачка прошетка низ историскиот центар: Централниот пазар, Театарот и Казиното. Слободно време за шопинг.
8 септември. Појадок. Слободен ден. Ручек. Вечера. Ноќевање.
9 септември. Појадок. Ослободуње на собите. Трансфер до аеродромот Барселона. Полетување за Софија во 09:50 ч. Пристигање на аеродром Софија во 13:30 ч.
Распоред на летовите:
Софија - Барселона 07:00 ч. - 09:10 ч.
Барселона - Софија 09:50 ч. - 13:30 ч.
Vinaros Playa - Полн пансион | 2 возрасни | 2 возрасни + 1 возрасен | 2 возрасни + 1 дете (2-12) | 2 возрасни + 2 деца (2-12) | 1 возрасен |
02.09.2023 | 1658€ | 2387€ | 2337€ | 3016€ | 979€ |
Начин на плаќање:
Депозит од 30% од пакетната цена на турист.
Целосно плаќање - до 25 дена пред датата на патување
Програмата се одржува при минимум 30 запишани туристи. Во случај, ако неопходниот број туристи не е собран и програмата нема да се оствари, туристите кои платиле ќе бидат информирани 20 дена пред датата на патување.
Рокови за анулации и казни:
При анулација до 21 дена пред датата на заминување се задржува депозитот.
При анулација 20 дена пред датата на отпатување - 100% од вредноста на аранжманот.
Цената вклучува:
Авионски билет на а/к „България еър“ Софија - Барселона - Софија со вклучен багаж до 23 кг и голем салонски багаж до 10 кг
Панорамна екскурзија во Барселона со лиценциран екскурзовод
Пешачка екскурзија со екскурзовод во Винарос
7 ноќевања на полн пансион со вклучени пијалоци со вода и вино во хотел 4*
Услуги од претставител на туроператорот за време на целото патување
Цената не вклучува
Такса на гориво - авиокомпаниите имаат право да наплатат такса на гориво поради постојаното менување на цените на горивата. Во овој случај се менува и цената на пакетот. Наплатата за такса на гориво се однесува на сите резервации за соодветниот лет, без оглед на тоа кога биле направени. Информациите за вредноста на доплата за гориво ќе бидат објавени 21 ден пред датумот на релевантниот лет, за што клиентите ќе бидат известени и ќе можат да го платат надоместокот за гориво до 7 дена пред патувањето (за резервации помали од 21 ден пред соодветниот лет ќе ја примени и декларираната наплата на гориво за тој лет, доколку има).
Дополнителни екскурзии, кои се закажуват и плаќат во Солвекс
Дополнителни екскурзии при минимум 18 запишани туристи.*
*Цените на дополнителните екскурзиите се валидни при минимум 18 запишани туристи. Намалување од цената на екскурзиите за дете под 12 г. - 50% од цената на секоја екскурзија. Заовреме на целодневните екскурзии се осигурува ручек - сув пакет.
Хотелот е во непосредствена близина до плажата Clot beach, на 10 минути од историскиот центар и крајбрежната алеја со градската плажа на курорта Винарос.
24 часа рецепција
wi-fi интернет - бесплатен во целиот хотел
буфет ресторан со show cooking
chill out тераса на 8 спрат со поглед кон морето со бар
тераса со бесплатни чадори и лежалки
рент а кар
Спа центар
бар на плажа
LCD телевизор
клима
сеф
телефон
мини бар – се доплаќа
wi-fi интернет - бесплатен
тераса
бања, фен
џакузи
откриен базен на покривот на хотелот
фитнес
дневна и вечерна анимација за возрасни
соба со игри
сауна
џакузи
контрастни тушови
масажи
детски базен со лизгалка
детско игралиште
Одмаралиштето Винарос нуди долги песочни плажи, интересен историски центар со голема пешачка трговска зона и неповторливи кулинарни искушенија, така што градчето е познато со висококвалитетните морски плодови и најповеќе со своите ракчиња.
GPS Координати:
LAT: 40.465270273608
LON: 0.46800255775452