logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Terrace Beach Resort zvezdazvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Турција
Место: Анталија

Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 4 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување:
Вкупно 270 соби во една главна зграда.

Стандардни соби (24 м², една спална соба со дупли кревет + софа, купатило, макс. 2+1 лице).

Економски соби (20-24 м², лоцирани помеѓу катови и достапни само со скали, поглед кон копно, макс. 2+1 дете).

Фамилијарни соби со поглед кон копно (28 м², една голема спална соба со преграда, еден дел со француски кревет, друг со кревети на спрат за деца, едно купатило, само поглед кон копно, макс. 2+2 деца).

Фамилијарни соби со поглед кон море (38 м², две посебни спални соби одделени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).

Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода, пиво и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, бесплатна WI-FI интернет конекција, под со ламинат и балкон.

Услуга:
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски на плажа и покрај базен, вечера, ноќно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, сладолед во бар покрај базен во одредени попладневни часови.

Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци во шише и од лименка, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, пијалоци во диско клубот и услуга во соба.

Содржини:
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sultan – турска кујна, Turkuaz – медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, комјутерски игри. WI-FI интернет конекција на јавните површини и собите е бесплатна.

Плажа:
Хотелска песочна плажа. Лежалките, крпите на плажа и чадорите за сонце се бесплатни.

Спорт и забава:
Отворени и затворени базен (не работат во лето) за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, тениски терени.

Со доплата се: спортови на вода, масажа, спа центар, осветлување за тениските терени, билијард и компјутерски игри.

Забавни програми (лесна анимација) во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми за возрасни. Мини клуб за деца од 4-12 години, со програми во текот на денот и вечерта, детско игралиште.


Слични понуди

Grand Ring Hotel

Grand Ring Hotel

Положба:Хотелот се наоѓа во областа Белдиби, на 40км од аеродромот во Анталија и 10 км од Кемер. Сместување:Вкупно 326 соби. Стандардни соби (28 м²; 2+1 лице, ако има 2+2 деца, тогаш собата ќе биде со кревети на спрат). Големи соби (38 м², спална соба, купатило, макс. 2+2лица). Анекс стандард соби (18 м², една спална, купатило, м
Siam Elegance

Siam Elegance

Положбa:Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на градот. Сместување:Вкупно 515 соби во три згради. Стандардни соби (27 м², една спална со француски кревет + софа, или два единчени кревета и една софа, едно купатило, макс. 3 лица). Економски соби (27 м², една спална со француски кревет + ед
Paloma Finesse Side

Paloma Finesse Side

Положба:Хотелот се наоѓа во Титрејенгул на 6км од Сиде и 75км од аеродромот во Анталија. Сместување:Вкупно 299 соби. Студио соби (42м², една спална со дневен престој и со две софи, едно купатило, макс.2+1 дете). Студио соби со директен пристап на базен (42м², една спална соба со дневен престој со две софи, едно купатило, директен прист