logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Дома >> Албанија >> Ксамил

Албанија - Ксамил

 

КСАМИЛ - Мало туристичко место во  во Јужна Албанија и е дел од Бутринити националниот парк. Карактеристични се прекрасните егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија.
Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите на кои се наоѓаат прекрасни ресторани со свежа морска храна се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена не цели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно.
До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација.
Зајдисонцето пак и топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

 



ПОНУДИ Албанија - Ксамил - Резултати од пребарувањето

Hotel ILIO - T.P

Hotel ILIO - T.P

Локација: Хотелот се наоѓа на 1 km од плажата Puerto Rico Beach, 2.8 km од Butrint National Park. Општи информации: Хотелот поседува рецепција, ресторан, Wi-Fi, бар, бесплатен паркинг, градина, BBQ, собна услуга, детско игралиште, бесплатен трансфер од/до аеродром. Сместување: Собите се опремени со клима, сателитска ТВ, кујна,  купатило со к
Hotel Mariksel-Т.P

Hotel Mariksel-Т.P

Локација: Хотелот се наоѓа во Ксамил, на 200м од плажата и 5км од националниот парк Бутринт. Општи информации: Хотелот поседува  24 часовна рецепција, ресторан со тераса, бар, приватен паркинг, градина, детско игралиште. Сместување: Собите се опремени со клима, ТВ, Wi-Fi, купатило со фен,  тераса. Услуга: Ноќевање со доручек.  
Hotel Memaj-Т.П

Hotel Memaj-Т.П

Локација: Хотелот се наоѓа во Ксамил, на 120м од плажата Castle Beach, 100м од центарот на градот. Општи информации: Хотелот поседува приватен паркинг, Wi-Fi. На 5 минути пешачење одалеченост се наоѓа бар ресторан Luna Сместување: Собите се опремени со ТВ, Wi-Fi, купатило, кујна, тераса, сеф, работна маса, клима. Хотелот нуди соби со микробранова