logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Дома >> Грција >> Касандра - Апартмани

Грција - Касандра - Апартмани

Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора".

Првиот крак Касандра, со низата туристички места и хотелски капацитети, кои како бисери се нижат покрај нејзините два брега, за многумина се издвојува како најатрактивен дел од Халкидики. Овој регион со своите специфични географски карактеристики: благ рељеф, зелени површини, борови шуми, прекрасни плажи и развиени туристички места, со години привлекува најголем број од странските туристи. Понудата на неговите најпознати летувалишта во годинашнава летна сезона, е сосема сигурно интересна понуда за најголемиот дел од македонските туристи. Дали вашето внимание ќе го привлече неповторливата Фурка, покрај заливот Термаикос, или пак познатите градчиња: Полихроно, Ханиоти и Пефкохори, покрај заливот Торонеос, воедно сигурно нема да згрешите. Изборот за одмор на Халкидики, е секогаш оној - вистинскиот.

ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Пештерата "Petralona" Како една од најважните пештери во поглед на Палеонтологијата, Петралона го покажува примерот за тоа како човекот живеел уште пред 700.000 години. Во 1960 година најстариот човечки скелет бил пронајден токму во оваа пештера. Најспектакуларно откритие сепак претставувале трагите од оган, кои датираат од пред околу милион години кои се воедно најстарите траги од оган, некогаш пронајдени. Ке можете да ги видите и прекрасните форми на сталактити и сталагмити кои изгледаат како да се правени од врвни архитекти и декорирани со вистинска уметност. Крстарење покрај третиот крак "Athos" (Света Гора) На Атос или многу повеќе познат како “Света Гора”, ќе имате можност да ја видите единствената автономна, православна и монашка држава во светот. Оваа држава е оформена во 885 година и наречена “Црква Басил”, но дури после 80 години откако првиот манастир бил изграден токму на овој крак. Иако таму влезот за жените е строго забранет, а за мажите е под посебен визен режим, крстарењето ќе ви овозможи сепак донекаде ја почувствувате сета мистика на таинствената Света Гора. Единствениот начин да ги откриете добро чуваните тајни, е крстарењето покрај кракот на дозволените 500 метри оддалеченост. На ова крстарење ќе почувствувате неверојатен мир и спокој, кој произлегува од чистотата, светоста и тишината на самата околина. Остовото "Amouliani" Од пристаништето Tripiti кое се наоѓа на третиот крак, од внатрешната страна спрема кракот Sitonia, можете да се префрлите на единствениот населен остров во водите на Халкидики - островчето Amouliani. Истоименото рибарско село на островчето, кое ве очекува уште со самото пристигнување на траектот, веднаш ќе го окупира вашето внимание. Убавите куќи, цветни тераси, ресторани и таверни од кои допираат пријатни мириси на локални морски специјалитети, ве мотивираат да седнете под нивните сенки. На спротивната страна од Амоулијани на оддалеченост од неколку километри се наоѓа една од најчистите и најубави плажи во овој регион. За морето, тоа го потврдуваат делфините кои ги има во околните води.



ПОНУДИ Грција - Касандра - Апартмани - Резултати од пребарувањето

Villa Bisera - Полихроно

Villa Bisera - Полихроно

Villa Bisera е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од мина
Villa ELEKTRA - Пефкохори

Villa ELEKTRA - Пефкохори

Вилата се наоѓа покрај црквата, во непосредна близина на центарот, во мирниот дел на Пефкохори, оддалечена на околу 350 м. од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија опремени со кујна, два или три кревети или француски кревет, тоалет, тераса, ТВ, клима... СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.03.2023 ЦЕНОВНИК | ПАК
Villa GREGORY - Ханиоти

Villa GREGORY - Ханиоти

Villa Gregory е лоцирана на еден од влезовите во Ханиоти, веднаш до големиот супермаркет "Masutis". Во нејзиниот состав издвоивме шест квалитетно опремени и организирани студија и апартмани за сместување, со различен капацитет и квадратура. Во зависност од типот, единиците се распоредени на три нивоа (приземје, прв и втор кат). Сопствениот двор, бл
Villa PENNY - Ханиоти

Villa PENNY - Ханиоти

Вила Пени е вила која содржи прекрасен двор, базен, детско мини игралиште, скара и паркинг. Се наоѓа во новиот дел на Ханиоти, на патот кон Пефкохори, на околу 300м од плажата и на 500м од центарот на Ханиоти. Има брачен кревет со два споени стандардни кревети плус дополнителен кревет со димензии 190x70, трокреветни (стандардни споени кревети 90x20