тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Држава: | Турција |
Место: | Анталија |
Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Кизилот, на 100 км од аеродромот во Анталија.
Сместување:
Вкупно 388 соби во една главна зграда.
Еко соби (31 м², една спална соба со дупли кревет и софа, купатило, соби само со поглед на копно,2+1 лица).
Стандардни соби (31 м², спална со дупли кревет и единечен кревет, купатило, макс. 2+1 лице).
Сениор соби (37 м², спална сo дупли кревет, купатило, макс. 3 лица).
Апартмани со поглед на море ( 60 м², една голема соба со дупли кревет, место за седење и голем балкон, директен поглед на море, ВИП услуга, макс. 2 лица).
Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш, када и фен, бањарки, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI, балкон.
Хотелот нема соби со 2 единечни кревети. Во стандардните соби може да се сместат 2 возрасни лица и 2 деца, со тоа што едно дете би спиело заедно со другото во ист кревет или пак со родителите во брачниот кревет.
Услуга:
Ултра сѐ вклучено - 24 часа услуга за јадење и пиење - шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужинка, ручек, попладневна ужина, торта, кафе, чај, вечера, полноќна ужина и ран појадок.
Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијлоци, храна и пијалоци после 24.00 часот, сладолед во одредено време, диететска и детска храна само во главниот ресторан.
Не е вклучено: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци кои не се на менито, сите флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.
Содржини:
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турски, италијански и рибен ресторан, барови насекаде околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
Доктор, перење, шопинг центар, изнајмување кола, WI-FI бесплатно.
Плажа:
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Крпи, лежалки и чадори се бесплатни.
Спорт и забава:
Внатрешен и надворешен базен, базен за деца, слајдови на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, пинг понг, одбојка на плажа.
Со доплата: масажа, велнес центар, билијард и соба за игри, спортови на вода.
Забавни програми, натпревари, шоу програми навечер, мини клуб за деца.