logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Дома >> Грција >> Ситонија - Апартмани

Грција - Ситонија - Апартмани

Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора".

Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна... се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија, Неос Мармарас, Торони или Сарти, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате.

ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:
 

Пештерата "Petralona" Како една од најважните пештери во поглед на Палеонтологијата, Петралона го покажува примерот за тоа како човекот живеел уште пред 700.000 години. Во 1960 година најстариот човечки скелет бил пронајден токму во оваа пештера. Најспектакуларно откритие сепак претставувале трагите од оган, кои датираат од пред околу милион години кои се воедно најстарите траги од оган, некогаш пронајдени. Ке можете да ги видите и прекрасните форми на сталактити и сталагмити кои изгледаат како да се правени од врвни архитекти и декорирани со вистинска уметност. Крстарење покрај третиот крак "Athos" (Света Гора) На Атос или многу повеќе познат како “Света Гора”, ќе имате можност да ја видите единствената автономна, православна и монашка држава во светот. Оваа држава е оформена во 885 година и наречена “Црква Басил”, но дури после 80 години откако првиот манастир бил изграден токму на овој крак. Иако таму влезот за жените е строго забранет, а за мажите е под посебен визен режим, крстарењето ќе ви овозможи сепак донекаде ја почувствувате сета мистика на таинствената Света Гора. Единствениот начин да ги откриете добро чуваните тајни, е крстарењето покрај кракот на дозволените 500 метри оддалеченост. На ова крстарење ќе почувствувате неверојатен мир и спокој, кој произлегува од чистотата, светоста и тишината на самата околина. Остовото "Amouliani" Од пристаништето Tripiti кое се наоѓа на третиот крак, од внатрешната страна спрема кракот Sitonia, можете да се префрлите на единствениот населен остров во водите на Халкидики - островчето Amouliani. Истоименото рибарско село на островчето, кое ве очекува уште со самото пристигнување на траектот, веднаш ќе го окупира вашето внимание. Убавите куќи, цветни тераси, ресторани и таверни од кои допираат пријатни мириси на локални морски специјалитети, ве мотивираат да седнете под нивните сенки. На спротивната страна од Амоулијани на оддалеченост од неколку километри се наоѓа една од најчистите и најубави плажи во овој регион. За морето, тоа го потврдуваат делфините кои ги има во околните води.



ПОНУДИ Грција - Ситонија - Апартмани - Резултати од пребарувањето