logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


НОВА ГОДИНА во ЕДИПСОС на островот ЕВИА zvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Евиа

СОЛВЕКС ВЕ ВОДИ НА  НОВА ГОДИНА
4 дена (3 вечери) во ЕДИПСОС ГРАДОТ НА ИМПЕРАТОРИТЕ

Програма за патување

1. Ден 30.12.2025 (Вторник)  СКОПЈЕ - ЕВИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 22:30 часот. Поаѓање за Грција во 23:00ч. кон граничниот премин Богородица. Ноќно возење со попатни застанувања за одмори. 

2. Ден 31.12.2025 (Среда)  СКОПЈЕ - ЕВИЈА
Наутро, пристигнување во местото Глифа. Качување на траект, патувањето трае 30 минути. Слегување во Агиокампос. Продолжување на патувањето до Едипсос. Сместување на групата во хотелот. По краток одмор запознавање на местото. Слободно време. СВЕЧЕНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА со жива музичка програма. Ноќевање. 

3. Ден 01.01.2026 (Четврток) ЕДИПСОС - Прокопи
Појадок. Слободно време. Слободно време до заминуавње на организирана посета на живописното место Прокопи. Индивидуални прошетки и разгледи на градчето со можност за посета на црквата која е дел од манастирот посветен на Св.Јован Руски. И во која се изложени моштите на светецот. Во попладневните часови враќање во Едипсос. Вечера. Ноќевање.

4. Ден 02.01.2026 (Петок) ЕДИПСОС - Атина (Факултативно)
Појадок. Слободно време. Можност за факултативен разглед на Атина. Утрински превоз со траект од Едипсос до пристаништето во Аркица. Патувањето со автобусот продолжува кон Атина. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Партенон - Акропол, новиот Акрополски музеј... Слободно време за посета на античките локалитети, музеите или туристичкиот центар на градот. Околу 17:00 часот попладне, заминување на групата кон Едипсос. Пристигнување во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.

5. Ден 03.01.2026 (Сабота) Едипсос – Скопје
Појадок. Заминување од Евија. Патувањето низ Тесалија не води до градчето Каламбака, во чија непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Изградени над камените карпи кои се издигаат над непрегледната рамнина на Тесалија, уште од средниот век христијанските монаси ги создале како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање во прекрасните панорами. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 18.500 денари

Цената на аранжманот вклучува:

·         превоз со модерен туристички автобус  

·         сместување во хотел „Гранд Стар“ или во хотел Diethnes Spa Hotel, во двокреветни и трокреветни соби, на база на 3 полупансиони: појадок/шведска маса (слатки/солени - самопослужување),

·         континентална вечера со еден пијалок, новогодишна забава, вечера.

·         услуги на придружник на групата и претставник за време на престојот во местото,

·         трошоци за организација на патување.

Цената на пакетот не вклучува:

·         трошоци за меѓународно здравствено патничко осигурување ,

·         факултативно патување до Атина (плоштадите Синтагма и Омонија, Кралската палата, Парламентот, Академијата, Универзитетот, Библиотеката, Олимпискиот стадион, Храмот на Зевс, Хадријановата порта... Панорамска тура на Акропол) - 40 евра.

·         потребен е минимум за организирање факултативни екскурзии  40 регистрирани патници,

·         Доплата за 1/1 соба е 89 евра на цената на пакетот,

·         Доплатата за дополнително седиште е 60 евра.

ЗАБЕЛЕШКА:

Патничкиот багаж при поаѓање од Македонија и при враќање е ограничен на 1 куфер до 20 кг и еден рачен багаж до 4 кг по лице при поаѓање и враќање. Во случај на вишок багаж, превозникот или агенцијата нема да го прифати вишокот или ќе наплати 1 евро по килограм над дозволената тежина. Во автобусот се дозволени само чанти, рачни торби со лични документи - личен багаж. КОНТРОЛАТА ЈА ВРШИ ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ.

Пресметката се базира на минимум 50 патници. Со оваа програма важат Општите услови за патување на туристичката агенција „СОЛВЕКС“ кои се во согласност со стандардите на СКТМ. Во случај на мал број патници, агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 15 дена пред поаѓање.

СОЛВЕКС ТУРС ВИ ПОСАКУВА ПРЕКРАСНО И УДОБНО ПАТУВАЊЕ.


Слични понуди

Hotel LITO - Едипсос

Hotel LITO - Едипсос

Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Едипсос, на 80 метри од плажата.   Општи информации: Хотелот во својот состав содржи 32 соби, рецепција, ресторан, снек бар, сеф, паркинг.   Сместување: Секоја соба има ТВ, Wi-Fi, клима , телефон, мини-бар, тоалет, фен, тераса.    Услуга: полупансион   Лито
Hotel Grand Star

Hotel Grand Star

ЛОКАЦИЈА: на околу 80 m од термалните извори и плажата, на неколку минути од главниот парк и шеталиштето. ОПИС: Aparthotel GRAND е новоизграден објект на Едипсос кој располага со 35 студија и 8 LUX апартмани опремени со сопствено купатило, кујна, клима, Wi-Fi, ТВ... Објектот располага со ресторан со 120 седишта, лоби бар и 24/7 рецепција. СМЕСТУ
Hotel KENTRIKON SPA - Едипсос

Hotel KENTRIKON SPA - Едипсос

Локација: Овој хотел е најубав во Едипсос, со одлична центална локација, со само 80 метри до самата плажа. На неколку минути од главниот парк, во близина на термалниот извор. Хотелската зграда датира од 1935 година и се одликува со гламур, шарм и стилот на тоа време.   Општи информации: Хотелот располага со 50 соби кои се двокреветни и трокр