logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Одмор на море во Коста дел Сол


Информации за сместувањето

Држава: Шпанија
Место: Коста дел Сол

Одмор на море во Коста дел Сол - Фуенхирола - Златна Шпанија 2023
авионски одмор од Софија

Дати Пролет / Лeто 2023: 11.04 - стоп | 29.04 - стоп | 20.05 - стоп |13.06 | 20.06 | 27.06| - Гарантирани дати
Дати Есен 2023: 19.08 | 22.08 - стоп | 29.08 | 05.09| 12.09| 19.09| 26.09| 03.10|10.10 - стоп | - Гарантирани дати

7 ноќевања на FB+ вкучена 1 екскурзија до Малага

Местоположба:

Хотелот се наоѓа на 200 м од плажата Gaviotas во летовалиштето Фуенхирола во хотел Fuengirola park 4*.

Во хотелот:

  • 390 соби во две крила од јужна страна

  • 24 часовна рецепција

  • продавници

  • фризерски салон

  • климатизиран ресторан

  • градина

  • бар на базенот

  • кафе –бар на покривот на хотелот

  • соба за игри

  • бесплатен безжичен интернет во заедничките простории и собите

  • Спа  центар – со доплаќање

Соби:

  • тераса
  • клима

  • сеф - се доплаќа

  • минибар – се доплаќа

  • телевизор со сателитски канали

  • фен

  • бесплатен безжичен интернет

Спорт и рекреација:

  • надворешен базен со бесплатни чадори и лежалки

  • детски базен

  • внатрешен базен со џакузи

Спа и велнес:

  • сауна и турска бања

  • ледена фонтана

  • масажи и спа процедури

  • жешка када

За децата:

  • детско игралиште

Дополнителна информација:

  • Две деца со двајца возрасни се сместуваат на двоспратно легло со дoлжина од 160 см. Таквите соби се дават со претходно барање.

Плажа:

  • На плажата се нудат чадори и лежалки со доплаќање.

Програма на организираното патување:

1-ви ден. Софија - Малага. Полетување од аеродромот Софија со директен лет на АК „България Ер”. Слетување на аеродромот Малага. Пречек од претставникот на Солвекс во Малага. Трансфер и сместување во хотелот Fuengirola park 4* во Фуенхирола. Вечера. Ноќевање.

2-ри ден. Ронда. Појадок. Информациона средба за запознавање со регионот, како и со дополнителните екскурзии. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба: Полудневна екскурзија до Ронда. Цена: Возрасен: 59 евра, дете до 11,99 г.: 49 евра

3-ти ден. Гранада. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба: Еднодневна екскурзија до Гранада со резервиран влез за Дворецот Алхамбра и Градините Хенералифе. Цена -  Возрасен: 85 евра, дете до 11,99г.: 75 евра

4-ти денГибралтар. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба: Дополнителна екскурзија до Гибралтар и Пуерто Банус во Марбеја. Цена - Возрасен: 75 евра, дете до 11,99 г.: 65 евра

5-ти денСевилја. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба:  Еднодневна екскурзија до Севилја. Цена - Возрасен: 75 евра, дете до 11,99 г.: 65 евра

6-ти ден. Михас. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба: Полудневна екскурзија до Михас. Цена - Возрасен: 35 евра, дете до 11,99 г.: 25 евра

7-ми денКордоба.  Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање.
По желба: Еднодневна екскурзија до Кордоба. Цена - Возрасен: 75 евра, дете до 11,99 г.: 65 евра

8-ми ден. Коста дел Сол - Малага - Софија. Појадок. Слободно време. Ручек. Напуштање на хотелот. Трансфер до Малага. 
Панорамска обиколка на градот (вклучена во цената). Разгледување од надвор на тврдината Гибралфаро, Катедралата и Куќата на Пикасо.  Слободно време во центарот на Стариот град. Трансфер до аеродромот Малага. Полетување за Софија.

Специјална пакетна цена при запишување на 3 екскурзии - ГРАНАДА, МИХАС И КОРДОБА:

  • Цена за возрасни - 180 евра на запишан турист.

  • Цена за деца до 10 г. - 160 евра на запишан турист.


Распоред на летови со АК „България Ер“:

11-18 април Велигден:

  • Софија - Малага 15:55 ч. - 18:45 ч.

  • Малага - Софија 19:30 ч. - 23:55 ч.

Сабота - Сабота:

  • Софија - Малага 15:55 ч. - 18:45 ч.

  • Малага - Софија 19:30 ч. - 23:55 ч.

Вторник - Вторник:

  • Софија - Малага 15:55 ч. - 18:45 ч.

  • Малага - Софија 19:30 ч. - 23:55 ч.

 

Забелешка: Можна е промена на часовите на летовите од страна на авиокомпанијата!
 

Неопходни документи за влегување во Шпанија:

  • Меѓународен паспорт со мин. валидност 6 месеци пред датата на екскурзијата,
  • За деца до 18 г. кои патуваат со еден или без родител, нотарска заверка од единиот или двајцата родители!


Услови за запишување: Без возрасни ограничувања


Начин на плаќање:

  • Депозит 30% от пакетната цена на човек при запишување.
  • Доплаќање 50 дена преди дата на отпатување.

 

Програмата се спроведува при минимум 40 запишани туристи. Во случај, неопходниот број туристи да не е собран и програмата да нема да се оствари, туристите ќе бидат информирани 30 дена пред датата на патување.

Рокови за анулации и казни:

  • Од денот, после денот на запишувањето до 45 дена пред датата на заминување - се задржуваа депозитот.

  • Од 44 дена пред патувањето до 15 дена пред патувањето - 75 % од цената на патувањето.

  • Од 14 дена до денот на заминување - 100% од цената на патувањето.

Други

Вид на транспортни средства во програмата:

  • Авион

  • Автобус (Трансфери и дополнителни екскурзии)

Цени и услуги

Датум

2 возрасни

2 возрасни + 1 возрасен

2 возрасни + 1 дете (2-12год.)

Еднокреветна соба

20.05.2023 1338 € 1977 € 1807 € 819 €
13.06.2023 1338 € 1977 € 1807 € 819 €
20.06.2023 1378 € 2027 € 1847 € 839 €
27.06.2023 1418 € 2077 € 1887 € 859 €
19.08.2023 1478 €

2147€

1947 € 889 €
22.08.2023 1478 € 2147 € 1947 € 889 €
29.08.2023 1438 € 2107 € 1907 € 869 €
05.09.2023 1398 € 2057 € 1867 € 849 €
12.09.2023 1378 € 2027 € 1837 € 839 €
19.09.2023 1358 € 2007 € 1817 € 829 €
26.09.2023 1338 € 1977 € 1797 € 819 €
03.10.2023 1318 € 1947 € 1767 € 809 €
10.10.2023 1298 € 1917 € 1747 € 799 €

Цените вклучуват

  • Авионски билет со редовен лет на АК "България Ер": Софија - Малага - Софија со вклучени аеродромски такси

  • Чекиран багаж до 23 кг и рачен салонски багаж до 10 кг

  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром

  • 7 ноќевања на база FB+ полн пансион (појадок, ручек и вечера) и ¼ л вода и ¼ л вино на човек за време на оброците во хотел Fuengirola Park 4*

  • Полудневна обиколка на Малага со водич

  • Услуги за време на престојот во Коста дел Сол

  • Медицинско осигурување за периодот на патувањето

Цените не вклучуват

  • Такса на гориво - авиокомпаниите имаат право да наплатат такса на гориво поради постојаното менување на цените на горивата. Во овој случај се менува и цената на пакетот. Наплатата за такса на гориво се однесува на сите резервации за соодветниот лет, без оглед на тоа кога биле направени. Информациите за вредноста на доплата за гориво ќе бидат објавени 21 ден пред датумот на релевантниот лет, за што клиентите ќе бидат известени и ќе можат да го платат надоместокот за гориво до 7 дена пред патувањето (за резервации помали од 21 ден пред соодветниот лет ќе ја примени и декларираната наплата на гориво за тој лет, доколку има).
  • Дополнителни екскурзии, кои се закажуват и плаќат во Солвекс

  • Задолжително доплаќање за медицинско осигурување на туристи над 66 години
  • Лични трошоци

  • Осигурување „Откажување на патување” - препорачително

 

  • Гранада. Цена - Возрасен: 85 евра , дете до 11,99г.: 75 евра. Утрото - патување од хотелот. Пристигање во Гранада. Разгледување на прекрасниот дворец Алхамбра. Се посетува “салата на двете сестри” и прочуениот “двор на лавовите”, кои нè пренесуваат во 14-ти век, Дворецот на Карл V и градините на Хенералифе  - летната резиденција на древните шпански кралови со многу фонтани. Од тука се открива прекрасна гледка кон градот и Сиера Невада. Слободно време во Гранада за самостојни посети на Катдралата или Кралската гробница на Католичките кралеви. Можност за ручек во реонот со множество ресторани со типична кујна (по желба). Патување од Гранада. Враќање во хотелот. Во цената е вкл.: преведувач и водич, транспорт, локален водич, влез во Алхамбра.

  • СевилјаЦена – Возрасен: 75 евра , дете до 11,99 г.: 65 евра. Утрото - патување од хотелот. Пристигнување во четвртиот по големина град во Шпанија и главниот град на област Андалусија - Севилја, сместен на бреговите на реката Гвадалкивир. Панорамна обиколка со автобус - градбите на Шпанско-Американската изложба, убавите мостови Аламио и Баркета, Булеварот на палмите, Шпанскиот плоштад, паркот Марија Луиза. Следува пешачка обиколка со посета на познатата населба Санта Круз, познатата Катедрала со прочуената камбанарија Хиралда, слободно време во дворецот Алказар на Шпанскиот плоштад со убави фонтани - сцена за многу улични музичари и актери. Слободно време за ручек во типичен шпански ресторан со традиционална кујна (по желба). Патување од Севилја. Враќање во хотелот. Во цената е вкл.: преведувач и водич, транспорт, локален водич, влезница во Катедралата во Севилја.

  • КордобаЦена - Возрасен: 75 евра , дете до 11,99 г.: 65 евра. Кордоба е место, каде коегзистираат муслиманска, еврејска и христијанска култура. Градот е  познат со архитектурата од времето, кога бил престолнина на Кордбскиот халифат и го завземал скоро целиот Ибериски полуостров. Утрото - патување од хотелот. За време на патувањето, водичот ќе Ви разкаже за местата по маршутата и ќе се насладите на забележителните андалузиски пејзажи. После пристигањето во градот - средба со локален водич, кој ќе ве придружува за време на обиколката.  Посета на стариот дел на градот, вклучен во светското наследство на УНЕСКО, познатата џамија Мескита, претворена покасно во катедрала - една неверојатна збирка на стилови и религии. Прошетката продолжува со разгледување на Синагогата, еврејската населба, римскиот мост над р. Гвадалкивир. Слободно време за ручек (по желба). Враќање во хотелот. Во цената е вкл.: преведувач и водич, транспорт, локален водич, влезница во Катедралата во Кордоба.

  • Гибралтар и Пуерто Банус во Марбела. Цена - Возрасен: 75 евра, дете до 11,99 г.: 65 евра. Гибралтар е независина територија на Обединетото Кралство - посакувана земја од сите империи во историјата, поради стратегиската положба и можноста да се контролира единствениот влез за Средоземноморието. По пристигањето во Гибралтар-средба со локален водич, после кое ќе можете да се восхитувате на прекрасната гледка на  Гибралтарскиот Проток, а при убаво време и на Мароко. Посета на Пештерата Сан Мигел со вкл. влезен билет, каде можат да се  видат познатите мајмуни берберски макак, кои потекнуваат од Северна Африка. Слободно време за  пазарување и ручек. На враќање кон хотелот ќе се исклучиме за кратко до така нареченото „шпанско Монте Карло“, кое е пристаништето Пуерто Банус во Марбела. Во цената е вкл.: преведувач, водач, транспорт, влезница за пештерата Сан Мигел.

  • Ронда. Цена - Возрасен: 59 евра, дете до 11,99 г.: 49 евра. Ронда е едно од најстарите и живописни места во Шпанија, познат со своите бикоборци, познат и како родно место на познати тореадори. Тука ќе се насладиме на исклучителната гледка од мостовите Puente Nuevo Puente Arabe над река Тахо, чиј што кањон е со длабочина од 120 м. Следува прошетка во Стариот град со Пласа де Торос – коридата, сметана за најстарата во Шпанија, слободно време за ручек и прошетка низ романтичните улички на прекрасното градче, неговите плоштади, црквата Санта Марија Мајор и др.

  • Михас. Цена - Возрасен: 35 евра, дете до 11,99 г.: 25 евра. На 30 км. јужно од Малага, на рид во планината Сиера да Михас е распослано малото градче Михас. Зачувана автентичноста, старото рибарско место се претворило во туристички и културен центар на Коста дел Сол. Познат со своите такси – магариња со индивидуални регистарски броеви, можете да направите незабравна самостојна обиколка на градот, за да осетите една различна култура и начин на живот во Шпанија. Тука може да се насладите на малите кичести продавничиња и ресторани, кои приготвуват типични за регионот јадења, сместени во тесните калдрмени улички, меѓу бели куќи, украсени со множество цвекиња во типичната за регионот архитектура, додатно чувство за спокојство и чистота, познато уште меѓу мештаните како „бело село“. Ќе Ви разкажеме за некои од интересните знаменитости на градот, кои ќе имате возможност да ги разгледате самостално како параклисот на Мадоната в карпата , Старата воденица и Музејот на минијатурата - Carromato de Mijas,  арената за борба с бикови, која е со некарактеристична за шпанските арени правоаголна форма и ботаничката градина, која ја открива панорамната гледка кон бреговите на Коста дел Сол.

Забележки:

  • Распоредот на дополнителните екскурзии по денови во програмата е ориентационо.

  • Точните денови на проведување на екскурзиите ќе бидат  кажани една недела пред патувањето.

  • Пријавувањето и плаќањето на дополнителните екскурзии се извршува во Солвекс најкасно до 21 дена пред патувањето!

  • Минимален број туристи за остварување на дополнителните екскурзии - 25 луѓе.


Слични понуди

Одмор на море на Портокаловиот брег - Коста Азаар, Шпанија

Одмор на море на Портокаловиот брег - Коста Азаар, Шпанија

КОСТА АЗААР - ПОРТОКАЛОВИОТ БРЕГ:ВИНАРОС, ВАЛЕНСИЈА, ПЕНИСКОЛА И МОРЕЈАДАТИ: 2-9 СЕПТЕМВРИ, Вид транспорт: Авион Коста Азаар-Портокаловиот брег - Шпанија   Одмор на море на Портокаловиот брег - Коста Азаар, ШпанијаВинарос - престолнината на ракчињатаВаленсиja, Пенискола и МореjaДати на одморот: 2-9 септември 20237 ноќевања на полн пансион
Одмор на море во Палма де Мајорка, Шпанија Лето 2023

Одмор на море во Палма де Мајорка, Шпанија Лето 2023

Одмор на море во Палма де Мајорка, Шпанија Лето 2023 7 ноќевања на all inclusive или полупансион, хотели 4*: Хотел GLOVALES MIMOSA 4* All Inclusive - 29.04 - стоп | 12.09 | 19.09 | 30.09 Хотел ALUA LEO 4* појадок и вечера - 23.05| 05.09 Пакетна цена на турист: од 759 евраПрограма :1-ви ден. Софија - Палма. Полет од аеродром Софија со директен л
 Шпанија, Салоу - Коста Дорада

Шпанија, Салоу - Коста Дорада

Одмор на море во Коста Дорада - Салоу Лето / Есен 2023. Дати: 29.08|05.09|12.09|19.09  Best Cap Salou ☆☆☆ Вид транспорт: Авионски 8 дена / 7 ноќи Коста Дорада – авионски одмори, Шпанија Цена за едно лице од: 659 евро Опис и програма Местоположба: Хотелoт се наоѓа на брегoт на морето, во заливот Cap Salou, на 2 км од ис