тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net


| Држава: | Екскурзии |
| Место: | Грција |
23 OКТОМВРИ во ЕДИПСОС на островот ЕВИА – Бања на море
ПРОГРАМА
1.ден 23.10.2025 (Четврток) СКОПЈЕ - ЕДИПСОС
00:30 часот собир на групата пред паркингот на хотел „Русија“. Тргнување од Скопје во 01:00 часот. Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 мин. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во хотелот Лито. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време за релаксација во минералните води под водопадите и морето. Вечера. Ноќевање.
2.ден 24.10.2025 (Петок) ЕДИПСОС - ХАЛКИДА - ПРОКОПИ - ЕДИПСОС
Појадок. Тргнување во 9 часот на Факултативна посета на Главниот град на Евиа – Халкида и градот Прокопи каде се моштите на св.Јован Руски. Во Халкида, чии жители го населиле полуостровот Халкидик, ќе ги посетиме тврдината Карабаба, во чиј склпо се наоѓаат неколку Бастиона, два Руски топа и црквата на Пророкот Илија. Погледот од врвот го одзема здивот. Од сите работи што ќе ги правите на Халкида ја препорачуваме обврзувачката прошетка по Ривата, преполна со кафулиња, ресторани и продавници. Посета на најважната средновековна градба, црквата Св.Петка чиј ориганал датира од 5-ти век. Можност за посета на популарното кафуле Мостар. Попладнето тргање кон градот Прокопи во чија црква се наоѓаат нераспаднатите мошти на св.Јован Руски. Тргање за Едипсос. Вечера. Ноќевање.
3.ден 25.10.2025 (Сабота) ЕДИПСОС
Појадок. Можност за користење на плажите со минерални води и шеталиштата на Едипсос. Вечера. Ноќевање.
4.ден 26.10.2025 (Недела) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Во претпладневните часови напуштање на хотелот и тргнување за Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219€ (13.580 ден.)
За плаќање до 4 октомври 189€ (11.720 ден.)
Цената на аранжманот опфаќа:
Цената на аранжманот не опфаќа:
Доплата:
НАПОМЕНА:
Зашто сите славни личности доаѓале во Едипсос?
Затоа што термалната вода богата со калиум, калциум, магнезиум, железо и натриум ги лечи следните болести:
Болести на мускулно-скелетниот систем (ревматизам, спондилитис, дегенеративен артритис, воспаление на тетивите, радикулитис, посттрауматска деформација и анкилоза)
Гинеколошки заболувања (воспаление на јајцеводите, ендометриоза, некои видови на неплодност)
Невролошки заболувања (васкуларна хеморагија на мозокот, енцефалитис, мултиплекс склероза, Паркинсова болест)
Ментална болест
Васкуларна болест
Ендокрин систем
Термички извори - Вистински еликсир на животот
На одредени плажи имате можност да пливате во полу-термички морски води. Топлинските извори излегуваат од морското дно значително зголемувајќи ја температурата на водата. На овој начин можете совршено да ги комбинирате корисните својства на лековитите води со кинезитерапија на пливање. Освен термалните бањи, можете да ги пробате и кал-бањите, хостирани во специјални центри за хидротерапија.
Експертите препорачуваат и позитиотерапија со лековитите води на изворите. Овој вид вода се предлага за нарушувањата во варењето на храната, додека Стоматолошката школа од Атина ги потврдува водите како корисни за нарушувањата на устата.