тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Салоу - бисерот на Коста Дорада
Коста Дорада е убав краjбрежен регион со должина од 216км во областа Каталонија. Името му значи Златен брег и доаѓа од долгите песочни плажи со златен песок и кристално чистите води на морето. Салоу е нај посетеното летовалиште на Коста Дорада, само 1 час пат од Барселона. Привлекува многу туристи со убавите плажи со плитки и мирни води. Омилено место е за семејни одмори заради многуте возможности за забава кои ги предлага.
Летовалиштето располага со 9 плажи со должина од 7 км, од кои 4 се големи и 5 помали, сместени во заливчиња.
Плажата Levante е главната и најпосетената плажа. Се наоѓа близу до центарот, покрај убавата крајбрежна алеја Jaume I. По неговата должина од 1.2 км има многу локали, детски игралишта, центар за водни спортови. Во негово продолжение е и другата голема плажа Ponent со должина од 1 км, со убав песок и кристални плитки и чисти води и многу палми. Исто е посетуван заради блискоста со центарот и се наоѓа покрај убавата крајбрежна улица Miramar Boulevard.
Друга позната плажа е Capellans - во должина од 600 м, сместена во мал залив, со златест песок и мирни води.
Малку надвор од центарот е плажата Larga, перфектна комбинација на планина и море во едно. Плажата е заобиколена со убава борова шума, а должината и е околу 600 м. Се нудат чадори и лежалки, различни видови водни спортови.
Освен големите плажи летовалиштето воодушевува и со помали и мирни плажи, сместени во мали сокриени заливчиња како Cala de la Vinya, Cala els Crancs, Cala Morisca, Cala de la Font и Cala de la Penya Tallada
Летовалиштето има убаво пристаниште, каде може да се најми чамец за прошетка или да учествувате во различни водни спортови - нуркање, водно скијање и др.
Една од атракциите на летувалиштето е PortAventura World - најпосетуваниот тематски парк за забава во Шпанија. Претставува комплекс од три тематски парка: Portaventura Park, Ferrari Land & Caribe Aquatic Park. Portaventura Park е разделен на шест тематски зони со различни атракции за сите возрасти. Секоја од нив ве пренесува во различни делови на светот - Far West (во Америка и Дивиот Запад), Mediterrània (во Средоземноморието), México (во Мексико), China (во Кина) и Polynesia (во екзотичната џунгла) и Sesamoavenrura (посветена е на хероите од улицата Сезам). Нуди на своите посетители над 43 атракции, различни шоу програми, над 20 локали со различна кујна и многу продавници.
Ferrari Land е парк посветен на Ферари и адреналинот со различни писти, игри, шоу програми и продавници. Аквапаркот PortAventuraCaribe Aquatic Park е во карибски стил и е местото каде да избегате од високите температури. Паркот предлага 17 водни атракции и лизгалки, локали и продавници.
Во летувалиштето има уште еден голем аквапарк - Aquapolis. Се протега на површина од 110 илј. кв.м. со над 20 атракции, песочна плажа, спа на отворено, делфинариум и различни локали.
Нај живото место во Салоу е долгата крајбрежна алеја Jaume I, обградена од палми од двете страни со многу продавници и локали и спортски игралишта. Тука се наоѓат и прекрасните фонтани, кои секоја вечер претстауват возбудливо светлечко и музичко шоу.