logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Дома >> Грција >> Лефкада - Апартмани

Грција - Лефкада - Апартмани

Нашето најголемо "јонско откритие" и оваа година повторно се осликува во островот Лефкада. Барањето соодветни зборови за да се опише убавината на скриениот јонски архипелаг станува залудна работа, по само неколку дена престој на него. Опкружувањето на природата која врз него и неговата околина се поиграла, правејќи чудесни комбинации помеѓу прекрасното море и зеленото копно, ја плени уметничката душа кај секој нејзин посетител. Сината лагуна со својата тврдина, морските спрудови кои се поигруваат со гледката кон него, островот го прават сосема специфичен. ака близок, а сепак сокриен од патиштата на копното. Градот Лефкас кој иако не е пристаниште, со илјадниците бели едра на прекрасните едрилици, надалеку е познат како една од најголемите природни марини во Средозамјето. Јонскиот брег со скриените плажи е вистинскиот магнет кој во последните години го вброи во самиот врв на светските дестинации за одмор. Сурфинг центарот во јужниот дел на Лефкада, како и можноста за “екстремен” сурфинг со падобран на северниот дел од островото, го вбројуваат во самиот врв на атрактивните дестинации. Неговиот најпознат туристички бисер е градчето Нидри.



ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Плажите на Lefkada Porto Katsiki beach, Kathizma, Egremnoi, Agios Giannis, Vassiliki beach… не се само имиња на плажи со кои се карактеризира овој остров. Тие се сигурно и нешто многу повеќе. Ако првата претставува една од најубавите плажи на медитеранот, која со својата специфичност на тиркизната боја на морето е вистински магнет за илјадниците капачи, останатите наброени по неа, се вистинска нејзина реплика и приказна која ја раскажуваат многуте повратниците од Лефкада. Додека брановите на Јонското море ве фрлаат низ песокта на уникатните плажи, помислете дека на дел од нив – можете да доживеете и нешто повеќе. “Сурфингот” или едрењето на штица е спорт кој на островото Лефкада претставува вистинска атракција. Светски познатиот центар за сурфинг e лоциран токму во местото Василики, кое нуди можност за малку поинтересен одмор. Додека сурфингот на едро или падобран на плажата Агиос Јоани, секако бара адреналин повеќе. Островото Skorpios – Малиот остров во јонскиот архипелаг, веројатно никогаш немал да биде познат доколку истиот не бил купен и целосно прилагоден за живот на еден милијардер каков што бил Аристотел Оназис. Како еден од трите јонски острови кои денес се само дел од богатството на семејството Оназис (проценето на преку 3 милијарди долари) претставува своевидна туристичка атракција. Овие островчиња, иако се затворени за туристички посети, тие се вистински магнет за многуте туристички крстарења кои почнуваат од Нидри и минуваат токму крај нив. Можеби и вие ќе бидете на некое од нив, гледајќи ги куќите на Оназис или пак капејќи се во островската лагуна на Жаклина (Кенеди) Оназис. Aristotelis Onasis (1906 – 1975) Еден од најголемите светски бродовласници кој за својот живот успеал да добие битно место во светската историја, е поврзан токму со островот Лефкада и со Јонското море. Роден во Смирна (денешен Измир), како млад грчки емигрант од Турција, успева низ својот динамичен и полн со интриги живот, да стане синоним за успешен бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во светот. Дали неговото богатство, политичките интриги, бурниот љубовен живот (Марија Калас, Жаклина Кенеди...) или пак несреќите кои ги прателе неговите наследници, ден денес ги привлекуваат илјадниците туристи да се потсетат на приказните за него. Големиот Ари – човекот кој со помош на морето и бродовите владеел со светот, денес е легенда која живее токму тука – на неговиот остров Шкорпион и блиската Лефкада.



 



ПОНУДИ Грција - Лефкада - Апартмани - Резултати од пребарувањето

Villa ARGIRO - Агиос Никитас

Villa ARGIRO - Агиос Никитас

Argiro Apartments е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата наша вила во Агиос Никитас. Со прекрасно уредениот двор исполнет со зеленило, преку кој излегува на главната улица кон градската плажа, овој објект дава одлични услови за одмор. Во својот состав расолага со неколку убаво опремени двокреветни студиа, сите со сопствен тоалет, ба
Villa KOSTAS - Перигали, Нидри

Villa KOSTAS - Перигали, Нидри

Вилата Костас е лоцирана на самиот пат во Перигали, на 1,3км од центарот на Нидри.Сите студија имаат поглед на градина и се опремени со клима, ТВ, тоалет и сопствена кујна.За гостите нудат бесплатен Wi-Fi интернет и бесплатен паркинг.  СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.03.2023 ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ
Villa MARGARITA - Агиос Никитас

Villa MARGARITA - Агиос Никитас

 MARGARITI Rooms е еден од малкуте на број објекти, кои служат за сместување на туристи во живописното градче Агиос Никитас. Овој објект за сместување, кој е специфичен по својата градба, како впрочем и самиот рељеф на местото, оддамна се наоѓа на туристичката карта на Лефкада. Објектот Маргарити, располага со двокреветни соби за сместување, а