тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
ЕВИА - Долгата приказна на Егејот...
ЕВИА, вториот по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеќу домашното население. Главниот град на островот е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Овој остров е богат со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Нејпопуларни туристички места на островот се градчињата Ореи, Лимни и Едипсос. |
ЕДИПСОС Денешните актуелни минерални извори во Едипсос се смета дека настанале според легендата: Пред 5000 години божицата Атина барала од Ефес да создаде минерални извори за да може Херкулес да си ги поврати силите после извршување на дванесете прочуени задачи. Ефес го исполнил барањето на Атина и создал 750 топли извори кои подоцна Херкулес ги користел за да си ја обнови силата. Подоцна кога се дознало за нивната лековитост многу луѓе доаѓале специјално за да се излечат од реуматски артритис, спондило-артритис, болки во грбот, болести со крвни садови... Низ историјата бањата била посетувана од многу римски императори како што се Адријан, Марко Аурелие, Сила исто како и Петар први Караѓорѓевиќ, Марија Калас, Оназис, Грета Гарбо, Черчил и многу други. Денес Едипсос е најпознато бањско одмаралиште во Грција, познато по своите термоминерални извори, кои директно се вливаат во морето. Во ова прекрасно место може да ги пронајдете најлуксузните спа хотели со термални базени и да уживате во оазата на мирот и убавината која што низ цела година ја користат Атињаните. Освен развиениот бањски туризам воеедно доста е развиен и летниот-стационарен туризам, кој секоја година се повеќе завзима замав поради неговите приордни убавите, песочните плажи и кристалната вода. |