Како еден од најубавите брегови на медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во герданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Веќе доволно познат на македонскиот паза, Јонскиот брег со својата неицрпна понуда, секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука е секако незаменливата и монденска Парга. Но сепак и покрај тоа, оваа сезона сосема оправдано, кон неа ќе ја додадеме и блиската Сивота. Пред се' сакајќи да го зголемиме вашиот избор, а притоа воедно и да ја истакнеме природната убавина, на овој по многу што единствен морски регион.
|
Парга се наоѓа на Јонското море, во областа Епир, на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување. За многуте туристи во Парга, секако дека централното место го завзема старата тврдина која го дели градот на два дела. Погледот од неа кон малото пристаниште или кон градската плажа претставува вистинска поетска инспирација. Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува, прекрасен летен одмор. Сивота се наоѓа на само дваесетина километри патување од познатото пристаниште Игуменица, по локалниот пат покрај јонскиот брег, до споменатата Парга. Можеби токму близината на овие познати градови, на Сивота и додаваат само дополнително значење, во сета нејзина посебност како единствено место кое има свој сопствен архипелаг од островчиња. Природно заштитена од страната на копното, со повеќе ридови и планински масив, таа се отвара кон морето со сета своја разиграност, на мноштвото заливи, полуострови и острови со кои природно располага. Како амбиентот, така и годините, на Сивота и овозможиле да се најде на низата туристички карти, кои ги поседуваат само вистинските вљубеници во морето и неговите тајни богатства. Нејзината марина, ограничениот но квалитетен капацитет за сместување, несекојдневните вонпансионските понуди, како и богатството од мирни и интимни плажи... со време и овозможиле да ја изгради својата посебност, за сите оние кои токму тоа и го бараат од одморот. Место за бегање од секојдневните грижи, во боемска атмосфера на опуштеност и монденски начин кон посакуваното задоволство.
|
Тврдината на Ali-Pashа Посетата на оваа тврдина се организира со малото туристичко вовче кое поаѓа од шеталиштето покрај градската плажа. Едноиполчасовно патување ви ја нуди можноста да ја посетите споменатата тврдина изградена од Али Паша кој за време на отоманскиот период, од таму ја бомбардирал опседнатата Парга. Тој ги натерал грчките робови да ја изградт оваа тврдина со камењата од околните брда, а по неколкунеделното бомбардирање на градот, успеал да ги натера силите на Англичаните да му ја предадат управата над неа. Реката Aheron За разлика од многуте познати излети, ова патување е во многу што специфично. Изллетот започнува со посета на светилиштето на мртвите - “Некроматион”. Тоа сведочи за ритуалите во кои старогрчките свештеници ги залажувале луѓето со наводната нивна моќ – да коминицираат со мртвите. По посетата на ова место патот води кон брдото Стефани и споменикот Залого. Тој е подигнат во чест на 63 жени кои од тука скокнале заедно со своите деца во амбисот, за да не паднат во ропството под Али Паша. Во неговото подножје се наоѓа и манастирот Свети Димитрија кој секако се посетува. Излетот завршува со посета на селото Глики покрај кое тече реката Ахерон, за која се верува дека е митолошката река Стикс. Во нејзините свети води според легендата, Тетида го избањала својот син Ахил, држејќи го за петата при што тоа останало единственот ранливо место на неговото тело. Крстарењето со бродче низ неа е секако уште едно убаво искуство. Островите Paxos и Anti-Paxos Излетот со брод до овие два острови е нешто за кое долго време ќе раскажувате. Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни, или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате.
|