Под планината Олимп, која според митологијата била домот на боговите, се протега регионот - Пиериа. Богат со многу природни убавини, археолошки ископини, остатоци од многуте цивилизации кои поминале низ него, овој регион самиот за себе го потврдува епитетот дека е “земја на боговите”. Доклоку сте размислувале да комбинирате одмор покрај море, со можност за рекреирање и уживање во планинската опкруженост, регионот Пиериа е вистинскиот избор за Вас! Широките плажи кои се простираат во должина повеќе од 70 километри, се вистински пример за чиста природна убавина. Златниот песок и рамниот предел ве водат до синото море, а наоколу ве опкружуваат листопадни и борови шуми. Главниот град на областа е Катерини, кој лежи помеѓу рамнината на Пиериа и подножјето кое се издига кон планината Олимп. Најпознати туристички места се веќе добро познатите: Олимпик Бич, Паралија, Лептокарија и Неи Пори.
|
Дополнителен мотив токму Пиериа да биде Вашиот избор за летен одмор, се секако и мноштвото познатиисториски места и археолошки локалитети: Дион, Пела, Вергина, клисурата Темби со Св.Петка или пак градчето Литохоро... Сите тие убавини, сигурно нема да Ве остават рамнодушни и пасивни за време на Вашиот одмор. Посетата на Pella и на Vergina е ескурзија која ќе ве води низ земјата на Големиот Александар. Патувањето се реализира со посета на споменатите антички локалитети, а во своето заокружување обично завршува со Солун. Пела е град кој во 4-от век п.н.е. бил главен град на Македонската Империја, а воедно и град во кој е роден Александар Велики. Турата продолжува кон Вергина каде ќе можете да ги видите археолошките остатоци од гробницата на Македонски кралеви, а за која воедно се мисли дека е и гробница на македонскиот крал Филип Втори. Посетата на Солун, секако нуди различни можности, а при ваква ескурзија најубаво е да се заврши со посета на тамошниот Археолошки музеј. Litohoro е мало гратче кое се наоѓа во падините на далеку познатата планина Олимп. Можноста да се искачите на туристичката панорама во близина на планинарскиот дом на Олимп е секако нешто што не би требало да се пропушти. Погледот кон сета Пиериа која во далечината се протега покрај сината морска шир е едноставно фантастичен. Оваа прошетка би требало да заврши со посета на малото планинско гратче, низ кое додека ќе прошетате по неговите стрмни улички, ќе купите убава домашна ракотворба или пак само ќе се одморите во некоја локална таверна. Kлисурата Tembi и црквата Agia Paraskevi (Св.Петка) Ова е посета која ви нуди прекрасна можност, во летната горештина да пронајдете свежина и малку мир од секојдневниот џагор и мешаница. Реката Пиниос која минува низ оваа клисура е носител на сето богатство на зеленилото кое го исполнува вашиот поглед, а пештерната црква посветена на заштитничката Св.Петка е секако најголемото кое со својата светост ги привлекува мноштвото посетители и верници кои тука доаѓаат на поклонение. |