тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
БУДВА - Град-метропола во Црна Гора и е најпосакувана туристичка дестинација. Центар е на општината Будва и има околу 10 000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера, е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.
Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското море.
Будва е центарот на црногорскиот туризам. Со повеќе од 250 000 посетители во летната сезона 2005, кои направиле вкупно повеќе од 1,6 милиони ноќи престој, Будва е убедливо најпопуларната дестинација во Црна Гора. Будва е сѐ попривлечна со секоја измината година, или заради вкупната должина на песочни плажи од 11 310 м. или заради огромното културно наследство и прекрасната архитектура.
Најпопуларната плажа во Будва е "Могрен" која се наоѓа помеѓу неколку големи карпи, а до неа се стигнува преку пат од стариот дел на Будва долг 500 м. Меѓу другите плажи што се во официјалните граници на градот се Ричардова глава, Пизана, Словенска и Гуванце. Многу други плажи се наоѓаат надвор од Будва, во помали градови и села, како Бечичи, Јаз, Трстено, Маестрал,Милочер, Свети Стефан, Пржно и Каменово.
Многумина би рекле дека Будва е разнобојна бидејќи повеќето од градбите имаат многу разни комбинации од бои. Бидејќи Будва е град што се фокусира на нов стил на архитектура, покрај стариот дел, градот нема многу историски места. Во близината на Будва има ексклузивни град-хотели како Свети Стефан и Милочер, коишто се често посетувани од разни познати личности и локални бизнисмени и политичари.