тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Опис на државата:
Црна Гора е мала планинска земја која се наоѓа на југозападниот дел од Балканот. Се граничи со Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија а излегува на Јадранско море. Крајбрежјето е долго 294 километреи и тука се наоѓаат прекрасни места кои вреди да се посетат. Котор и Уљцин се едни од најстарите места на Јадранското крајбрежје.Бока е еден од најубавите градови во јужна Еврпа.
Островите во Црна Гора се:
-Мамула, (Ластавица, Велика Жањица)
-Оток
-Св. Марко
-Св. Ѓорѓија
-Св. Никола
Најголемиот е Ада Бојанија.
Главен град:
Подгорица
Население:
650, 575
Јазик:
Црногорски
Езера во Црна Гора се:
-Скадарско Езеро
-Биоград
-Црното Езеро
-Езерото Плав
-Езеротро Пива
Највисок планински врв:
Кук 2.522метри
Национални паркови:
Ловчен, Београдска Гора, Скадарско Езеро, Дурмитор
Поголеми градови и области во Црна Гора се:
-Подгорица(кој е главен град со 136,473 жители)
-Никшич(58,212 жители)
-Пљевља (21,377 жители)
-Бело Поле (15, 883 жители)
-Херцег Нови (16,293. вклучувајќи го Игало)
-Беране (11,776 жители)
Клима:
Во однос на својата големина во Црна Гора има зачудувачки различни видови клима. Различни делови на Црна Гора имаат различна клима поради влијанието на морето и на планините на толку мала површина. Приморјето има медитеранска клима со топли долги лета и благи кратки зими. Во централната рамнина за азлика од приморјето зимите се постудени но и летата се потопли. Во планинските делови преовладува алпско-планинска клима. Од сето ова може да се закучи дека преовладува медитеранска клима.