logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Villa MAGGAS - Неи Пори


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Пиериа - Апартмани
Villa Maggas се наоѓа на околу 150 метри од големата и песочна плажа во Неи Пори, во мал и убаво уреден двор веднаш до вилата Анастасиос. Нејзината организираност, како и тивката атмосфера за време на престојот, се идеални карактеристики за мирен и убав одмор. Студијата и апартманите во вилата се изградени на високо приземје и кат и истите се сосема прилагодени за сместување на семејства со помали деца. Во нејзината непосредна близина се наоѓаат и два мини маркети, пекара и неколку ресторани. Вилата располага со стандарден Wi-Fi интернет, а паркингот за приватните возила е можен на самата улица пред објектот.

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:
Студио. бр.5, тип 1/2 + 2 (еден брачeн кревет со ширина 120 cm и еден брачен кревет со ширина 110 cm)

Прв кат:  
Студио. бр.6, тип 1/2+ 1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет 90 cm)
Студио
. бр.7, тип 1/2+2  (еден брачен со ширина 140 cm и еден брачен со ширина 120 cm)
Студио бр.8, тип 1/2+2   (два брачни кревети со ширина по 120 cm и  една софа)
Апартман бр.9, тип 2/2+1   (еден  брачен кревет од 120 cm, еден брачен кревет од 110 cm и два еденечни кревети по 90 cm)
 
Сите апартмани се опремени  со кујна одвоена од спалната, (освен во студио бр. 8), кујната е опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети).  Прозорите имаат шибер ролетна, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када за стоење.    
 
Забелешка:
Апартман бр. 9, има одвоена кујна и две соби. Во едната соба има еден брачен и еден единечен кревет, а во другата соба има два единечни кревети.

ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2024

 

  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК | НАЕМ - 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2024

 

  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- Употребата на клима уред во MAGGAS е бесплатна (каде што е достапен),
- Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот)
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

Туристичка такса во Грција за 2024
*Цената е изразена од соба по ноќевање

                                   Ноември-Фебруари                         
Март-Октомври

Хотел 1/2*:                           0,5 €                                             1,5 €
Хотел 3*:                              1,5 €                                             3,0 €
Хотел 4*:                              3,0 €                                             7,0 €
Хотел 5*:                              4,0 €                                           10,0 €
Апартмани/Студија:            0,5 €                                             1,5 €
Вили:                                    4,0 €                                           10,0 €

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
 Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. 
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите 
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.


Слични понуди

Villa ELEFTERIA - Олимпик Бич

Villa ELEFTERIA - Олимпик Бич

Villa Elefteria се наоѓа во тивка улица и убаво уреден двор, на околу 150 мери оддалеченост од градската плажа и центарот на местото Олимпик бич. Од нејзините основни карактеристики, секако се издвојува местото за дружење или пречек на гостите при доаѓање и заминување, каде во нивна потреба се големата тераса и потребните содржини (тоалет, ладилник
Villa OLYMPIA - Неи Пори

Villa OLYMPIA - Неи Пори

Villa Olympia е лоцирана на околу 250м од големата песочна плажа, во третата линија на објекти и непосредна близина на кружниот тек во стариот дел на Неи Пори. Како објект, таа се карактеризира со убаво организиран двор, како и со повеќе различни единици и капацитети за сместување. Студијата и апартманите се наменети за сместување на 2 до 4 лица на
VILLA VASO - ЛЕПТОКАРИЈА

VILLA VASO - ЛЕПТОКАРИЈА

Villa Vaso се наоѓа во средишниот дел на Лептокарија во близина на плоштадот, зелениот парк и пешачката зона на градот. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат мноштво продавници, ресторани и пекари, неопходни за време на летниот пресој. Лоцирана покрај улицата која од железничката станица води до неколкуте големи супер маркети, за гости
Villa SOULA - Неи Пори

Villa SOULA - Неи Пори

Villa Soula се наоѓа на околу стотина метри од песочната плажа во Неи Пори. Нејзината внатрешна организираност, се каракеризира со убаво уредени трокреветни студија, распоредени на првиот кат од објектот. Во близина на вилата се наоќаат неколку супер маркети, продавници и ресторани за потребите на бројните гости во Неи Пори. Студијата со броевите 2