logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА


Информации за сместувањето

Држава: Хрватска
Место: Омиш

Солвекс ве води во најубавиот дел од Медитеранот. За време Велигденските празници имате можност да ги посетите бисерите на јадранот: Дубровник, Сплит, Брач, со петдневно уживање покрај водите на прекрасниот Јадран.

Сместување во хотелот Брзет во Омиш.

Oмиш е карактeристичен Далматински историски Град со препознатлив амбиент за Далмација.

Бурното и богато минато го подарила градот на сливот на реката Цетина како скапоцено културно и споменичко наследство кое традиционално се чува во римските споменици, гусарските тврдини и природните убавини на кањонот на реката Цетина.

Омиш го карактеризира преубавата песочна плажа, единствена на овој дел на Медитеранот.  Целиот град, од Немира, Брзет до Прика, преполн е со преубави вили и уредени станови погодни за одмор и престој.

ПРОГРАМА

1 ден 13.04.2023. (четврток) Скопје – Омиш

Тргнување од Скопје во 22:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“. Патување преку Косово
Албанија и Црна Гора со повремени застанувања за одмор.

2 ден 14.04.2023. (петок) - Омиш

Во предпладневните часови пристигнување во Омиш. Сместување на групата во хотелот „ Брзет“. Краток одмор. Слободно време –  релаксација на прекрасната плажа на комплексот Брзет. Прошетка по крајбрежното шеталиште до центарот на Омиш. Разгледување на центарот и стариот дел  на градот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3 ден 15.04.2023. (сабота) Омиш - Радманови Млинови - Сплит

Појадок. Слободно време на плажата на комплексот Брзет или на Големата плажа на Омиш (единствена толку голема песковита плажа во овој дел на Далмација) можете да ја посетите и гусарската тврдина над Омиш. Можност за факултативна посета на атрактивните Радманови Млинови (Од Омиш се оди со мали бродчиња по течението на реката Цетиња до Старата Воденица, каде гусарите со своите мали бродчиња се криеле од венецијанските галии. Тука гостите можат да се насладуваат со далматинска пршута, сирење и маслинки). Можна е факултативна посета на Сплит со разгледување на Диоклицијановата Палата, Стариот дел на Сплит, за похрабрите искачување на ридот Марјан од каде се пружа прекрасна гледка на целиот град и морската ширина.

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

4 ден 16.04.2023. (недела) Омиш - Сплит

Појадок. Слободно време за релаксација на плажата. Факултативна посета на Островот Брач со рибен пикник. Кружно крстарење околу Островот Брач. Посета на прекрасното градче Бол на Брач со посета на знаменитата куќа  Куча у кучи и една од најубавите плажи во светот по сите туристички истражувања Златен Рат. На враќање при пловењето кон Омиш богат ручек  на бродот.

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

5 ден 17.04.2023 (понеделник)

Појадок. Релаксација на плажата на комплексот Брзет. Околу 10 часот напуштање на собите во хотелот и тргнување за Бисерот нз Јадранот Дубровник. Пристигнивање во Историскиот дел на градот на плоштадот Пиле. Трочасовен разглед на Стариот Град со сите знаменитости и прошетка по Страдун. Потоа тргнување за Македонија со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје некаде околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 220 €

За плаќање до 17.03 одобруваме 10% кешбек 

Цената на аранжманот опфаќа:

  • Превоз со современ туристички автобус
  • Сместување во хотелот Брзет во Омиш во двокреветни и трокреветни соби, на база три полупансиони: појадок/buffet , вечера по мени (предходната вечер се избира едно од трите понудени јадења)
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
  • Трошоци за организација на патувањето траектите и таксата за влез во Дубровник, т.е. за паркингот на плоштадот Пиле.

Доплата: доплата за 1/1 соба е 30% од цената на аранжманот

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативна посета на Радманови Млинови
  • Факултативна посета на Сплит и Рибарски пикник на Брач
  • Патничко осигурување

Слични понуди

Апартмани Мала Лука, Омиш

Апартмани Мала Лука, Омиш

Локација: Хотелот се наоѓа неколку чекори од плажата  Општи информации: Хотелот поседува балкон, градина, бар, ресторан, бесплатен паркинг, Wi-Fi, 24 часа рецепција. Услуга: ноќевање, ноќевање со појадок, полу пансион, полн пансион. 2023 24.06.-19.08. 03.06.-24.06.19.08.-09.09. 01.05.-03.06.09.09.-30.09. 1/4
Hotel BRZET - Omish

Hotel BRZET - Omish

Локација: Од центарот на градот Омиш го дели градското шеталиште со должина од 800 метри. Во близина се наоѓа црквата Св. Еуфемија Општи информации: Хотелот е од праволиниски тип со централен дел и тераса , опкружен со борова шума  покрај плажа со камчиња. Хотелот располага со вкупно 88 соби, од кои 26 трокреветни, 62 двокреветни со можн