logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Hotel Conchiglia d Oro zvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Италија
Место: Сицилија - Палермо

Хотел Conchiglia d'Oro е помал, тивок, семеен хотел кој се наоѓа на околу 600 m од плажата, опкружен со богато зеленило. Се наоѓа во близина на центарот на Мондело, во резиденцијална зона опкружена со градини и вили, а од Палермо е на само 8 километри. Хотелот располага со 50 соби опремени со клима уред, ТВ, телефон, бања со фен, повеќето соби имаат балкон. Трокреветните соби се опремени со прозорец. Хотелската понуда вклучува ресторан, бар, мал базен со тераса за сончање, интернет (со доплата), ТВ сала, сеф на рецепција, паркинг и интернет катче. Оброците се на база на полупансион, шведска маса за појадок и вечера што нуди избор од најмалку два главни јадења.

 

Датум на поаѓање

Број на ноќевања

Цена по соба (2 возрасни)

29.6

7 Полупансиони

1539

6.7

7 Полупансиони

1683

13.7

7 Полупансиони

1930

20.7

7 Полупансиони

1930

27.7

7 Полупансиони

1948

3.8

7 Полупансиони

2008

10.8

7 Полупансиони

2034

17.8

7 Полупансиони

1994

24.8

7 Полупансиони

1928

31.8

7 Полупансиони

1904

7.9

7 Полупансиони

1890

14.9

7 Полупансиони

1684

21.9

7 Полупансиони

1586

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

 ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО:

Аеродромски и безбедносни такси во износ од 50 евра за возрасни и деца);
авионски превоз на релација Белград - Палермо - Белград (чартер лет);
7 ноќевања во хотел или апартман по одбрани услуги;
автобуски трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром;
претставнички услуги на агенцијата;

 

НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО:
градска такса, која се плаќа на рецепција во хотелот (1 € на ден по лице, деца до 10 години не плаќаат градска такса);
факултативни екскурзии;
меѓународно патничко здравствено осигурување;

 

ПРОГРАМА ЗА ПРЕСТОЈ - 7 ноќевања
Ден 1 – БЕЛГРАД – ПАЛЕРМО – Состанок на патниците на аеродромот „Никола Тесла“, два часа пред полетувањето на авионот. Директен чартер лет до Палермо (околу 120 минути). По пристигнувањето, гостите ги пречекува претставник на туристичката агенција. Трансфер со автобус до избраниот хотел или апартман. Ноќевање.
2. до 7 ден СИЦИЛИЈА - Престој во хотел или апартман врз основа на платени услуги. На вториот или третиот ден од престојот - информативна средба со претставник на агенцијата. За време на престојот - факултативни излети.
8.ден ПАЛЕРМО - БЕЛГРАД. Слободно време до трансфер до аеродром. Директен чартер лет за Белград. Пристигнување во Белград.

 

 

 

 


Слични понуди

СИЦИЛИЈА во Октомври

СИЦИЛИЈА во Октомври

ГОЛЕМА ТУРА; ПАЛЕРМО, МОНРЕАЛЕ, АГРИГЕНТО, ПИЈАЦА АРМЕРИНА, СИРАКУЗА, НОТО, РАГУСА, МОДИКА, ЕТНА, ТАОРМИНА, КАТАНИЈА... ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 7 дена / 6 ноќевања со појадок08.Октомври (вторник) СКОПЈЕ – ПАЛЕРМОСостанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:00 часот. Полетување за Палермо со една промена на лет. Пристигнување во Пал
Hotel Santa Lucia e Le Sabbie d Oro

Hotel Santa Lucia e Le Sabbie d Oro

Хотелот Santa Lucia е најпродаваниот хотел од нашата понуда. Претставува одличен сооднос цена-квалитет. Ги препорачуваме собите со поглед на морето и Чефалу, поглед кој го одзема здивот. Локација:Хотелот Санта Луција е на околу 500 метри од плажата со песок и камчиња (по скали). Се наоѓа на блага падина, на 2 км од центарот на Чефалу, до кој може
TH Cinisi Florio Park Hotel

TH Cinisi Florio Park Hotel

Опис на хотелот:Голем хотелски комплекс кој се наоѓа на самата обала и излегува на песочната плажа, каде што се обезбедени бесплатни чадори и лежалки за гостите на хотелот. Комплексот е опкружен со голема градина (4 хектари), а од Палермо е околу 40 км, од аеродромот 8 км и градот Терасини 1 км. Хотелот располага со 187 соби. Хотелска понуда:Базен
La Riva

La Riva

На одлична позиција, хотелот Ла Рива се наоѓа веднаш на брегот на морето, на неколку чекори од сè што нуди Џардини Наксос. Се наоѓа на кратко пешачење од плажата и чистата сина вода на Јонското Море. Недалеку од карактеристични и добри ресторани, бутици, локални занаетчиски продавници, археолошки простор, барови и дискотеки од кои можете да