тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
ЧАЊ - Атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1 километар, наречена "Златна обала", по бојата на песокот.
Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената "Краљичина плажа" до која се доаѓа само со брод, со должина од 120 метри, го добила името по Марија Караџорџевич, југословенска кралица која ја посетувала оваа плажа.
Предноста на ова мало туристичко летувалиште е во тоа што се наоѓа надвор од големата сообраќајница, па тука целото семејство може да ужива во својот одмор.
Топлото море, песочната плажа, пријатната средоземно морска клима, парковите, чистотата, забранетиот сообраќај во местото, културните приредби и забави се причини Чањ да биде една од омилените туристички дестинации на Црногорското крајбрежје.
За Чањ се поврзува легендата каде се судира морската, планинската и континенталната клима. Познат е и како "Воздушна бања" погоден за лечење на хронични респираторни болести.