тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Држава: | Турција |
Место: | Анталија |
Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 4 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
Сместување:
Вкупно 270 соби во една главна зграда.
Стандардни соби (24 м², една спална соба со дупли кревет + софа, купатило, макс. 2+1 лице).
Економски соби (20-24 м², лоцирани помеѓу катови и достапни само со скали, поглед кон копно, макс. 2+1 дете).
Фамилијарни соби со поглед кон копно (28 м², една голема спална соба со преграда, еден дел со француски кревет, друг со кревети на спрат за деца, едно купатило, само поглед кон копно, макс. 2+2 деца).
Фамилијарни соби со поглед кон море (38 м², две посебни спални соби одделени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода, пиво и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, бесплатна WI-FI интернет конекција, под со ламинат и балкон.
Услуга:
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски на плажа и покрај базен, вечера, ноќно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, сладолед во бар покрај базен во одредени попладневни часови.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци во шише и од лименка, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, пијалоци во диско клубот и услуга во соба.
Содржини:
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sultan – турска кујна, Turkuaz – медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, комјутерски игри. WI-FI интернет конекција на јавните површини и собите е бесплатна.
Плажа:
Хотелска песочна плажа. Лежалките, крпите на плажа и чадорите за сонце се бесплатни.
Спорт и забава:
Отворени и затворени базен (не работат во лето) за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, тениски терени.
Со доплата се: спортови на вода, масажа, спа центар, осветлување за тениските терени, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми (лесна анимација) во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми за возрасни. Мини клуб за деца од 4-12 години, со програми во текот на денот и вечерта, детско игралиште.