logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Крај на летото во Далмација


Информации за сместувањето

Држава: Хрватска
Место: Омиш

Солвекс ве води во најубавиот дел од Медитеранот. За оние што пропуштија да летуваат во Хрватска за  време на летните месеци  еве можност да ги посетите бисерите на јадранот: Макарска, Сплит,  Бол на Брач, со петдневно уживање покрај водите на прекрасниот Јадран.

Сместување во хотелот Брзет во Омиш.

Oмиш е карактeристичен Далматински историски Град со препознатлив амбиент за Далмација.

Бурното и богато минато го подарила градот на сливот на реката Цетина како скапоцено културно и споменичко наследство кое традиционално се чува во римските споменици, гусарските тврдини и природните убавини на кањонот на реката Цетина.

Омиш го карактеризира преубавата песочна плажа, единствена на овој дел на Медитеранот.  Целиот град, од Немира, Брзет до Прика, преполн е со преубави вили и уредени станови погодни за одмор и престој.

ПРОГРАМА

1 ден 01.10.2024 (вторник) Скопје – Омиш

Тргнување од Скопје во 18:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“. Патување преку Косово, Албанија и Црна Гора со повремени застанувања за одмор.

2 ден 02.10.2024 (среда) - Омиш

Во предпладневните часови пристигнување во Омиш. Сместување на групата во хотелот „ Брзет“. Краток одмор. Слободно време –  релаксација на прекрасната плажа на комплексот Брзет. Прошетка по крајбрежното шеталиште до центарот на Омиш. Разгледување на центарот и стариот дел  на градот.

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3 ден 03.10.2024 (четврток) Омиш - Радманови Млинови - Сплит

Појадок. Слободно време на плажата на комплексот Брзет или на Големата плажа на Омиш (единствена толку голема песковита плажа во овој дел на Далмација). Можете да ја посетите и гусарската тврдина над Омиш. Можност за факултативна посета на атрактивните Радманови Млинови. (Од Омиш се оди со мали бродчиња по течението на реката Цетиња до Старата Воденица, каде гусарите со своите мали бродчиња се криеле од венецијанските галии. Тука гостите можат да се насладуваат со далматинска пршута, сирење и маслинки). 

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

4 ден 04.10.2024 (петок) Омиш - Сплит

Појадок. Слободно време за релаксација на плажата.

Факултативна посета на Сплит со разгледување на Диоклицијановата Палата, Стариот дел на Сплит, за похрабрите искачување на ридот Марјан од каде се пружа прекрасна гледка на целиот град и морската ширина.

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

5 ден 05.10.2024 (сабота) Омиш - Бол на Брач

Факултативна посета на Островот Брач со рибен пикник. Кружно крстарење околу Островот Брач. Посета на прекрасното градче Бол на Брач со посета на знаменитата куќа  Куча у кучи и една од најубавите плажи во светот по сите туристички истражувања Златен Р`т. На враќање при пловењето кон Омиш богат ручек  на бродот.

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6 ден 06.10.2024 (недела)

Појадок. Околу 09 часот напуштање на собите во хотелот и тргнување за Макарска. Застанување во Светилиштето Випрес со можност да се наполни света вода. Пристигнување во Историскиот дел на градот. Разгледување на Стариот Град со сите знаменитости. Потоа тргнување за Македонија со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје некаде околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 230 €
Доплата: доплата за 1/1 соба е 30% од цената на аранжманот

Цената на аранжманот опфаќа:

  • Превоз со современ туристички автобус
  • Сместување во хотелот Брзет во Омиш во двокреветни и трокреветни соби, на база четири полупансиони: појадок/buffet , вечера по мени (предходната вечер се избира едно од трите понудени јадења)
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
  • Трошоци за организација на патувањето траектите и такси.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативна посета на Радманови Млинови 15€
  • Факултативна посета на Сплит 15€
  • Крстарење со брод околу Брач со посета на Бол и Плажата Златен Р`т со ручек на бродот 45€
  • Патничко осигурување

За остварување на турата потребни се минимум 39 пријавени патници.

За остварување на Крстарењето околу Брач потребни се минимум 30 пријавени патници.

Агенцијата го задржува правото за промена на времето на изведување на екскурзиите, доколку временските услови се неповолни.

За сето останато важат Општите услови на патување на ТА Солвекс и СКТМ

  •  

Слични понуди

Apartmani VUČIĆ

Apartmani VUČIĆ

Локација: 500м од море, 200м од ресторан, 400м центар Омиш Сместување: АП 1/ 4- 2 спални соби, кујна, дневна, бања, тераса, Wifi, SAT TV, AC, паркинг, машина за перење садови, машина за перење Услуга: Само ноќевање. Цените се за наем на апартман од ден.  Тип на апартман ПЕРИОДИ 01.06.-30.06.  01.07.-31.
Apartmani Ivan - Nemira

Apartmani Ivan - Nemira

Локација: Хотелот се наоѓа 120 метри одалеченост од морето, 250 метри одалеченост од ресторанот и 2км од центарот на Омиш Општи информации: Хотелот поседува балкон, градина,  Wi-Fi. Услуга: ноќевање / полу пансион. Студио 2+1 – соба со балкон со брачен кревет и помошно легло во чии склоп има кујна, WC, туш када, балкон,
Hotel BRZET - Omish

Hotel BRZET - Omish

Локација: Од центарот на градот Омиш го дели градското шеталиште со должина од 800 метри. Во близина се наоѓа црквата Св. Еуфемија Општи информации: Хотелот е од праволиниски тип со централен дел и тераса , опкружен со борова шума  покрај плажа со камчиња. Хотелот располага со вкупно 88 соби, од кои 26 трокреветни, 62 двокреветни со можн