logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Париз


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Велигден

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања

01.мај (среда)  СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:55 часот. Полетување за Париз во 06:55 ч. Пристигнување во Франкфурт во 09:25 часот и полетување кон Париз во 12:25 ч. Слетување на аеродромот “Шарл де Гол” во 13:40 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани активности и прошетки. Ноќевање.


02.мај (четврток)  ПАРИЗ - ЛУВР
Појадок. Mожност за факултативна посета со метро на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прекрасен поглед на Париз. Прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд... Ноќевање. 

03.мај (петок)  ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) на најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.

04.мај (сабота)  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ /  Ајфелова Кула / Крстарење по Сена

Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај - еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

05.мај (недела)  ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите во хотелот, слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот “Шарл де Гол” во 11:30ч. Лет за Скопје во 14:30. Пристигнување во Франкфурт во 15:50ч, од Франкфурт во 20:30ч. Пристигнување во Скопје во 22:40ч.

Цена во претпродажба: 599 € (37.138,00 мкд) 
со вклучен панорамски разглед

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје – Франкфурт- Париз – Франкфурт- Скопје (со Lufthansa Airlines)
- Аеродромски такси 
- Рачна ташна и голема кабинска торба do 8кг (115cm)
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Ibis Styles Paris Mairie de Montreuil 3*, на база 4 ноќевања со појадок, 
- Туристичка такса за сместување 
- Организиран панорамски разглед на Париз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
- Kрстарење по Сена, билет (од 20€)
- Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (20€) *уплата при продажба
- Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба
- Превоз со метро
- Посета на забавниот парк Дизниленд.
- Патничко здравствено осигурување 

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и СОЛВЕКС ТРАВЕЛ


Слични понуди

Тоскана и Чинкве Тере 29.04.2024.

Тоскана и Чинкве Тере 29.04.2024.

ТОСКАНА И ЧИНКВЕ ТЕРЕ ● ФИРЕНЦА ● ЛА СПЕЦИЈА и ЧИНКВЕ ТЕРЕ ● СИЕНА и САН ЏИМИЊАНО ● ПИЗА и ЛУКА ● 5 дена (4 ноќевања со појадок во хотел од категорија 4*) - со авион Поаѓање: 29 април (враќање: 3 мај 2024 година)   Тоскана според многумина е најубавиот регион на Апенинскиот полуостров поради своите 120 заштитени подрачја од бајковита прир
ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА

ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА

Пополнето Солвекс ве води во најубавиот дел од Медитеранот. Еве можност да ги посетите бисерите на Јадранот: Омиш, Макарска, Сплит,  Бол на Брач со петдневно уживање покрај водите на прекрасниот Медитеран. Сместување во хотелот Брзет во Омиш. Oмиш е карактeристичен Далматински историски Град со препознатлив амбиент за Далмација. Бурното и
Рим

Рим

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања  01.мај (среда) СКОПЈЕ - РИМ   Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Лет за Рим W6 4757 во 18:55ч. Пристигнување во Рим во 20:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.    02.мај (четврток)  РИМ (Панорамски разглед) Појадок. Пан
Сицилија 29.04.2024

Сицилија 29.04.2024

ТАОРМИНА – ЕТНА – НОТО – СИРАКУЗА – САВОКА и ФОРЦА ДАГРО 5 дена (4 ноќевања со појадок, сместување во хотел од категорија 4*) - со авион  Поаѓање: 29 април (враќање: 3 мај 2024 година)   Сицилија, најголемиот остров на Медитеранот, е уникатно место кое се карактеризира со специфична култура, традиција и начин н