тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Држава: | Турција |
Место: | Анталија |
Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Белдиби, на 40км од аеродромот во Анталија и 10 км од Кемер.
Сместување:
Вкупно 326 соби.
Стандардни соби (28 м²; 2+1 лице, ако има 2+2 деца, тогаш собата ќе биде со кревети на спрат).
Големи соби (38 м², спална соба, купатило, макс. 2+2лица).
Анекс стандард соби (18 м², една спална, купатило, макс. 2 лица)
Сите соби се со приватно купатило и туш, фен, клима уред, тепих на под, телефон, мини бар (со доплата), сеф, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга:
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне закуска, чај, кафе, вечера, ноќна закуска до 02.00 часот. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 - 02.00 часот се бесплатни, сладолед во одредено време, бар на плажа со закуски од 10.00 – 17.00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци после 02.00 часот, пијалоци во диско, À la carte ресторани со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.
Содржини:
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани со морска храна и мексиканска кујна, лоби бар, бар покрај базен и на плажа.
Доктор, чување деца, перење алишта, изнајмување кола, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI-Fi интернет е бесплатен во лоби.
Плажа:
Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки и чадори се бесплатни. Крпите се со депозит.
Спорт и забава:
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг се бесплатни. Спортови на вода, масажа се со доплата.
Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште.