тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Држава: | Турција |
Место: | Анталија |
Положбa:
Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на градот.
Сместување:
Вкупно 515 соби во три згради.
Стандардни соби (27 м², една спална со француски кревет + софа, или два единчени кревета и една софа, едно купатило, макс. 3 лица).
Економски соби (27 м², една спална со француски кревет + една софа или два единечни кревети + софа, еднo купатило, макс.3 лица, собите се со поглед кон патот или кон соседниот хотел).
Фамилијарни соби (45 м², дуплекс, лоцирани на најгорниот кат од хотелот, со две спални соби – горниот кат е како галерија, има француски кревет, на долниот кат има француски кревет и софа, едно купатило, макс. 4 +1лица).
Гранд апартмани (74 м², директен поглед на море, дуплекс со отворени скали, доле има една спална соба со француски кревет + една софа, и дневна со дел за седење, на горниот кат уште една спална соба со француски кревет + една софа, две купатила, макс. 5 лица),
Јуниор апартман (31 м², една спална соба со француски кревет, едно купатило, џакузи, макс. 2+1 бебе) и
2 соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима систем кој што работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци секојдневно се полнат), сеф, сателитски ЛЦД ТВ со музички канали, распрскувач на вода и детектор за чад, ламинатен паркет, и балкон со поглед кон градина или море (страничен поглед).
Услуга:
Ултра сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, детско и диететско бифе во главниот ресторан, места за закуски во текот на денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој од 7 ноќевања во еден од нив (не е дозволено за децапод 12 години), мини бар полнет со вода и безалкохолни пијалоци секојдневно, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, попладне сладолед близу базенот.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини:
Samui – главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – La Luna (италијански), Khun Mac (кујна од далечен исток), Sarai (рибен), Osakbasi турски, Sushi bar, ресторан и бар за закуски, кафé Чај, бар во лоби и на плажа, диско клуб Charma.
Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во лобито е бесплатно.
Плажа:
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Кабаните на плажа и покрај базен се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава:
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, мини голф, пинг понг, кошарка се бесплатни. Масажа, СПА центар за убавина и здравје, билијард, спортови на вода се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, спортски натпревари покрај базенот, навечер шоу програми, музика во живо. Мини клуб со специјални програми за деца од 4-12 години, мини диско навечер.