тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net



| Држава: | Шпанија |
| Место: | Палма де Мајорка |
8 дена / 7 ноќи
Гарантирани датуми: 09.06, 16.06 и 23.06
7 ноќи со доручек и вечера во хотел Nautic Hotel & Spa 4*
Авионски одмор со лет од Софија
Цена по турист: од 952 €.
1 ден. Софија - Палма
Лет од аеродромот Софија со директен лет на „Бугарија Ер“. Слетување на аеродромот Палма. Пречек од претставник на Солвекс во Палма. Трансфер и сместување во хотел Nautic & Spa 4*. Вечера. Ноќевање.
2 ден. Обиколка на островот, Селва, Манастирот Лука со Црната Мадона, Порт де Сојер и Сојер со дрвен трамвај - целодневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба: Целодневна обиколка на островот. Цена возрасен: 79 €, дете до 11,99 г.: 55 €.
3 ден. Валдемоса со Манастирот Картуха - полудневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба: Полудневна екскурзија во Валдемоса. Цена возрасен: 55 €, дете до 11,99 г.: 45 €.
4 ден. Појадок. Слободно време. Ноќевање.
5 ден. Главниот град Палма - полудневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба: Полудневна екскурзија до Палма. Цена возрасен: 49 €, дете до 11,99 г.: 42 €.
6 ден. Пештерите Драк и фабриката-музеј за бисери - полудневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Ноќевање.
По желба: Полудневна екскурзија до Пештерите Драк. Цена возрасен: 69 €, дете до 11,99 г.: 49 €.
7 ден. Алкудија, Форментор и Полeнцa - целодневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Ноќевање.
По желба: Целодневна екскурзија до Алкудија, Форментор и Полensa. Цена возрасен: 58 €, дете до 11,99 г.: 50 €.
8 ден. Палма - Софија
Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродромот Палма. Повратен лет до Софија во 17:35 ч. Слетување во Софија во 21:20 ч.
Агенцијата има право да го смени распоредот на програмата.
Цена за возрасни - 170 € по турист.
Цена за деца до 12 г. - 139 € по турист.
Обиколка на островот, Селва, Манастирот Лука со Црната Мадона, Порт де Сојер и Сојер со дрвен трамвај - 8 часа. Цена возрасен: 79 €, дете до 11,99 г.: 55 €.
Ќе ја откриете убавата и контрастна природа на Палма де Малорка. Се искачуваме на планината Трамунтана низ живописни горски пејзажи со стрмни карпи. Првата пауза е во планинското гратче Селва, со камени куќи и тесни улички, ќе го видиме Централениот плоштад и црквата Св. Лоренцо со камени фигури. Ќе го посетиме Музејот на обувките, за да научиме за вековното наследство на луѓето од Селва, со кое се гордее целата Мајорка. Продолжуваме до манастирот Лука со Црната Мадона, покровителка на островот. По кривите планински патишта низ Трамунтана стигаме до гратчето Сојер - комбинација на тесни улички и модерна архитектура. Прошетка до главниот плоштад на Сојер со многу кафулиња каде можете да пробате локален сладолед и бадемов десерт - заштитен знак на Сојер. Слободно време за ручек. Патување со дрвен трамвај низ цитрусови градини до Порт де Сојер, со прекрасна панорама кон морскиот залив, опкружен со заштракани карпи на Трамунтана. Враќање во хотелот со автобус. Во цената е вклучено: водич, транспорт со автобус, билет за дрвениот трамвај. Влезница за Манастирот - 2 € по турист се плаќа на лице место, по желба.
Главниот град Палма - полудневна екскурзија - 4 часа. Цена возрасен: 49 €, дете до 11,99 г.: 42 €.
Полудневна екскурзија во Палма и нејзиниот историски центар. Програмата започнува од Парк де ла Мар, од каде по пријатна прошетка низ градините ќе стигнеме до Катедралата на Палма (влезот се плаќа на лице место). Продолжуваме кон Општината, Пласа Мајор и Црквата Сан Мигел и пешачката шопинг зона на Палма. Продолжуваме кон Готскиот замок Белвер, од кој се отвора прекрасен поглед кон градот и живописното јахт пристаниште на Палма. Во цената е вклучено: водич на македонски, транспорт. Влезница за Катедралата: 10 € возрасен, бесплатно за деца до 7 г.
Валдемоса со Манастирот Картузија - полудневна екскурзија - 4 часа. Цена возрасен: 55 €, дете до 11,99 г.: 45 €.
Валдемоса е симбол на Палма де Малорка. Историја, култура, романтика и традиции се споени во вистински очаровувачка комбинација во ова гратче. Во убавата Валдемоса наоѓаат засолниште и инспирација Шопен и Џорџ Санд. По желба - посета на манастирот Картузија. Слободно време за прошетка низ тесните улички со типични камени куќи за островот и многу традиционални продавници. Во цената е вклучено: водич, транспорт. Влезница за Манастирот по желба - 13 € возрасен, 6,50 € дете 10-14 години.
Форментор, Алкудија и Појенцa - целодневна екскурзија - 8 часа. Цена возрасен: 55 €, дете до 11,99 г.: 35 €.
Пречекување на планината кон север до убавата Алкудија - првата престолнина на островот. Разгледување на познатите градски ѕидови и традиционалниот пазар, најпознат на Палма де Мајорка. Продолжување кон Форментор, по патот фото-пауза на една од најпопуларните панорамски точки на островот - Коломер, од која се отвора убав поглед кон истоименото островче. Продолжуваме кон Појенца, антички град со богато културно наследство и прекрасен централен плоштад. Во цената е вклучено: водич, транспорт.
Пештерите Драк и фабриката-музеј за бисери - 4 часа. Цена возрасен: 69 €, дете до 11,99 г.: 49 €.
Пештерите Драк се една од главните атракции на островот. Се наоѓаат во источниот дел, до Порто Кристo, мало рибарско гратче со прекрасни гледки. Следува посета на пештерите со едно од најголемите подземни езера во светот - езерото Мартел. Ќе уживате во специјален спектакл од класична музика и светло. Посета на музејот-фабрика за бисери и продавницата. Во цената е вклучено: водич, транспорт, влез за пештерите и влез за музејот-фабрика за бисери.
Распоредот на дополнителните екскурзии по денови во програмата е ориентирачки.
Точните денови за одвивање на екскурзиите ќе бидат објавени една недела пред поаѓање.
Пријавувањето и плаќањето на дополнителните екскурзии се врши во Македонија најдоцна 21 ден пред поаѓање!
Минимален број туристи за реализација на дополнителните екскурзии - 18 луѓе.
При пријавување на лице место цените на екскурзиите се повисоки.
Туроператорот си резервира право на промени во цените, во случај на промена на трошоците за транспорт по екскурзиите, како и промена на влезните такси во посетените објекти за време на екскурзиите.
Вторник - вторник и сабота - сабота
Софија - Палма 15:05 - 16:55 ч.
Палма - Софија 17:35 - 21:20 ч.
Забелешка: Можна е промена на часовите на летовите од страна на авиокомпанијата!
Прв депозит - 30% од цената при пријавување.
Остатокот се плаќа до 21 ден пред датумот на поаѓање.
Меѓународен пасош со валидност 6 месеци по враќање од патувањето.
Програмата се одвива при минимум 30 пријавени туристи. Во случај бројот да не се собере и програмата да не се реализира, пријавените туристи ќе бидат информирани 21 ден пред датумот на поаѓање.
До 3 дена од датата на пријавување - без пенали.
Од 3 дена од пријавувањето до 21 ден пред заминување - се задржува депозитот (30%).
Од 20 дена до денот на поаѓање - 100% од вредноста на патувањето.
Авионски билет со редовен лет на „Бугарија Ер“: Софија - Палма - Софија
Чекиран багаж до 23 кг и рачен куфер до 10 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќи на база појадок и вечера во хотел Nautic & Spa 4* со вклучени вода и вино за време на вечерата
Претставник на агенцијата за време на престојот
Еко такса - задолжително се плаќа на рецепцијата на хотелот од секој турист - 3,30 € по турист по ноќ.
Дополнителни екскурзии кои се пријавуваат и плаќаат во Македонија.
Лични трошоци.