logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Villa JANA - Пефки


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Евиа

Villa Jana се наоѓа при самиот влез во Пефки, на првата линија до морето и почетокот од шеталиштето на околу 200м од самиот центар. Од своите содржини вилата располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија, распоредени на приземјето, првиот и вториот кат од објектот. Сите студија се со површина од околу 20м2 и во својот состав освен комплетно опремена кујна со фрижидер, електрично решо и аспиратор, имаат и соодветен мебел, ТВ и клима уред и балкон. Во вилата е достапен и WI-FI интернет. Студијата кои се наоѓаат во приземјето, имаат и уреден простор со гарнитура за седење. 
* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Прв кат:  
- Студио бр.1, тип 1/2+1 SV (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина  90 cm)
- Студио бр.2, тип 1/2+1 SV  (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)
- Студио бр.3, тип 1/2+1 SV (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)
- Студио бр.4, тип 1/1/2+1  SV (еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 cm)
- Студио бр.5, тип 1/2+1   (два единечени кревети со ширина 90 cm)
 
Сите соби се опремени  со кујна опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, елемент под кујна, LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети). Прозорите имаат шибер ролетна и завеси, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када дирекно на плочки и со прозор.
 
Околина: Во околината има станбени објекти, вилата е на сама плажа.
Чистење: студио еднаш за време на престој, промена на постелнина еднаш за време на престој.
Забелешка: Има Wi Fi Internet. Студио бр.4 и 5 имаат заеднички ходник.

 

ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2024

 

 

  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превозза минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

ЦЕНОВНИК | НАЕМ - 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2024

 

 

 

  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен), 
- Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот) 
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
    преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. 

 

Туристичка такса во Грција за 2024
*Цената е изразена од соба по ноќевање

                                   Ноември-Фебруари                         
Март-Октомври

Хотел 1/2*:                           0,5 €                                             1,5 €
Хотел 3*:                              1,5 €                                             3,0 €
Хотел 4*:                              3,0 €                                             7,0 €
Хотел 5*:                              4,0 €                                           10,0 €
Апартмани/Студија:            0,5 €                                             1,5 €
Вили:                                    4,0 €                                           10,0 €

 


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
 Цена на повратен автобуски превоз: 65 EUR (45 EUR за дете 02 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор. 
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите. 
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. 
* Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. 
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени 
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во ценовникот, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовкик.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите 
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот). 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “ осигурување од ризик - отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.


Слични понуди

Villa IOLKOS - Едипсос

Villa IOLKOS - Едипсос

Villa Iolkos е лоцирана во самиот центар на Едипсос, на главната улица од градот и во близина на паркот и најпознатите градски содржини. Со оддалеченост од околу 200м од шеталиштето и околу 100 метри од градските термални извори и плажа, овој објект е безмалку идеален за престој во ова познато туристичко летувалиште. Објектот кој е всушност апарт-х
Hotel Grand Star

Hotel Grand Star

ЛОКАЦИЈА: на околу 80 m од термалните извори и плажата, на неколку минути од главниот парк и шеталиштето. ОПИС: Aparthotel GRAND е новоизграден објект на Едипсос кој располага со 35 студија и 8 LUX апартмани опремени со сопствено купатило, кујна, клима, Wi-Fi, ТВ... Објектот располага со ресторан со 120 седишта, лоби бар и 24/7 рецепција. СМЕСТУ
Villa CAVO D'ORO - Пефки

Villa CAVO D'ORO - Пефки

Villa Cavo D'Oro се наоѓа на првата линија од објекти изградени покрај главната улицата која се протега покрај плажата и морето на Пефки. Студијата за сместување изградени над истоимената пицерија, имаат капацитет за престој на две или три лица. Секоја од единиците располага со комлетно опремена кујна, тоалет, балкон, како и ТВ и клима уред. Рестор
Villa Hara - Пефки

Villa Hara - Пефки

Villa Hara e добар објект за сместување, лоциран во внатрешниот дел на местото и со оддалеченост од околу 150м од шеталиштето и песочната плажа на Пефки. Во својот состав располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија за сместување, сите опремени со мини кујна и соба со соодветен мебел за престој на две или три лица. Мирното опкружување на о