01.мај (среда) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Лет за Рим W6 4757 во 18:55ч. Пристигнување во Рим во 20:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
02.мај (четврток) РИМ (Панорамски разглед)
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим... Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Попладне ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.
03.мај (петок) РИМ - (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил)
Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил... Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба... Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере. Ноќевање.
04.мај (сабота) РИМ - ВАТИКАН - НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Ноќевање.
05.мај (недела) РИМ -ТИВОЛИ - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим.
Попладне трансфер до аеродромот во Рим во 18:00ч. Лет за Скопје W6 4758 во 21:25ч. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.
Во цената е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
- Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување околу 220мкд
- Туристичка такса: Хотел 3* - 6€ или 7,5€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба – 150€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
- Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и СОЛВЕКС ТРАВЕЛ