тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412
емаил: travel@solvex.net
Држава: | Хрватска |
Место: | Загреб |
БОЖИЌНО ВОЛШЕБСТВО ВО ХРВАТСКА
Адвент во х.Гарден Хил
Сигурно сте чуле дека Адвент во Загреб е прогласен најдобар Адвент во Европа двапати по ред и сигурно не сакате тоа да го пропуштите оваа година.
Забава, колбаси, крофнички на секој чекор, бини со жива музика на секој плоштад, но и вистинско божиќно доживување на најголемото и најатрактивното лизгалиште во центарот на градот, ве чекаат на улиците на прекрасниот Загреб.
Само на 15 kм од целиот тој спектакл се наоѓа прекрасниот хотел Гарден Хил кого секако треба да го доживеете и да се уверите дека нашиот Адвент е најдобар во Европа.
Програма на патување:
1 ден 06.12.2024 (петок) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок на групата на паркингот кај хотел РУСИЈА во 20.00 часот. Поаѓање за Хрватска. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2 ден 07.12.2024 (сабота) ВЕЛИКА ГОРИЦА - ЗАГРЕБ
Пристигнување во претпладневните часови (10ч) во Велика Горица и сместување во хотелoт Гарден Хил. Слободно време за одмор од патувањето. Во 13 часот заминување на посета и разгледување на еден од најубавите Божиќни пазари во Европа, разгледување на главниот град на Хрватска Загреб: катедралата Градец – Горни град, плоштадот Бан Јелачиќ, Камената порта, Калчиева улица, Марковата црква, кулата Лотршак... По разгледувањето следи слободно време за индивидуални прошетки и посета на божиќниот пазар Адвент 2024, обоен во илјада бои и. со уживање во традиционалните колбаси и варено вино... Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.12.2024 (недела) ВЕЛИКА ГОРИЦА - ЧАЗМА
08 - 09ч. Појадок. Во 10ч. тргнување на целодневна факултативна посета и разгледување на Божиќното светлосно волшебство во Чазма со преку 5,5 милиони светилки кои го претвараат местото во светлосно царство. Попатно посета на светилиштето Марија Бистрица, со чудотворната статуа на “Св.Марија со Младенецот”, едно од најпосетените светилишта во Европа заедно со Лурд во Франција и Фатима во Португалија.
Во 12ч. Ручек во ресторанот “Добро нам дошел пријатељ”,со гравче, еден пијалок и колбаси Во 14ч. пристигнување во Чазма на имањето Салај со водич. Во 18ч. часот враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 09.12.2024 (недела) ВЕЛИКА ГОРИЦА – СКОПЈЕ
08 – 09ч. Појадок. Напуштање на хотелот во 10ч. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледување на Велика Горица, Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ПРОМО цена за резервации со целосна уплата до 10.11.2024 - 199€/12350ден.
Редовна цена - 229€/14200ден.
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба, за соба за едно лице се доплаќа 50€
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Πревоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотелот Гарден Хил - 2 ноќевања на база ВВ
• Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжително патничко осигурување
• Туристичка такса и рецепциска пријава 5€ по лице за цел престој (доплата на лице место)
• Целодневна факултативна посета на Марија Бистрица и Чазма со локален водич и ручек - 30€
• Индивидуални неспоменати трошоци
Важни напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
- За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Солвекс Травел.