logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Нова Година Шушањ 2023 - ЦРНА ГОРА


Информации за сместувањето

Држава: Црна Гора
Место: Шушањ

НОВА ГОДИНА ВО ЦРНА ГОРА

ТРОДНЕВЕН  ПРЕСТОЈ ВО  х. АДРИА -   ШУШАЊ - БАР

ПРОГРАМА

1. Ден 30.12.2022. (петок) СКОПЈЕ – ШУШАЊ
Состанок на групата  во 20:30 часот пред паркингот на хотел „Русија“.  Тргнување од Скопје во 21:00 часот.

2. Ден 31.12.2022 (сабота) СКОПЈЕ- ШУШАЊ
Патување преку Косово и Албанија со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во Шушањ. Сместување на групата во хотелот “АДРИА“ . Краток одмор. Запознавање со местото и прошетка по шеталиштето и можност да го осетат медитеранскиот мирис на Јадранското Море, посета на дворецот на Кнезот Никола. Вечера (шведска маса). Присуство на Новогодишната прослава на плоштадот во Бар со групата ROK KO FOL BEND и SARA JO. Ноќевање.

3. Ден 01.01.2023 (недела) ШУШАЊ -  СТАР БАР
Појадок (шведска маса). Посета на Стариот Бар и прочуента Стара Маслинка. Стариот Град е најзначаен споменик кој постои повеќе од 2500 години и кој претставува синтеза помеѓу Медитеранот и Ориентот. Сместен е на голема карпа. Во градот се наоѓат остатоци од 240 згради со тесни кривудави улици и плоштади. Бар е познат и по Старата Маслина која има повеќе од 2240 години, па се смета за едно од трите најстари дрва во Европа. Легендата зборува дека околу неа се собирале скараните племиња и тука се помирувале, па затоа местото се нарекува Мировица. Вечера во хотелот Адриа (шведска маса). Присуство на прославата на плоштадот во Бар со групите GRIMM и VAN GOGH Ноќеање.

4. Ден 02.01.2020 (понеделник) ШУШАЊ – СКОПЈЕ
Појадок (шведска маса). Слободно време. Тргнување за Скопје преку Скадар. Ручек во ресторанот Илирија во Скадар во Албанија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

129€ (8000,00 ден) Сместување во двокреветна или трокреветна соба за лице

144€ (9000,00 ден) Сместување во двокреветно студио за лице

139€ (8600,00 ден) Сместување во трокреветно  студио за лице

149€ (9200,00 ден) Сместување во двокреветна соба  за поединец (SGL)

 

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со современ туристички автобус
  • Сместување во хотелот, во двокреветни и трокреветни соби, на база два полупансиона (појадок и вечера)
  • Посета на  Стариот Бар и Старата Маслинка
  • Услугите на придружниците на групата и претставниците на агенцијата за време на престојот
  • Трошоци за организација на патувањето

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативен ручек  во ресторанот Илирија во Скадар
  • Дочек на Нова година во Будва
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
  • За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
  • Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и СОЛВЕКС
  • Организатор на патувањето е T.A. СОЛВЕКС

Слични понуди

Hotel ADRIA

Hotel ADRIA

Локација: Хотелот се наоѓа на 400 метри од плажата, на 2 километри од центарот на Бар. Општи информации: Хотелот поседува 1/2, 1/3, 1/4 соби, рецепција, ресторан со летна градина, сопствен резервоар за вода, интернет, паркинг. Сместување: Собите се опремени со  клима, сателитска ТВ, Wi-Fi, фрижидер, купатил
Apartmani DRESIC

Apartmani DRESIC

Локација: Апартманите се наоѓаат на 350 метри од главната плажа, во центарот на Суто море, под борова шума. Општи информации: Се состои од двокреветни, трокреветни, четворокреветни апартмани, интернет, тераса, паркинг. Сместување: Собите се опремени со  клима, сателитска ТВ, Wi-Fi, кујна, купатило, тераса. Двосо
Villa Velzon

Villa Velzon

Локација: Хотелот се наоѓа близу до словенска плажа, на 1.5 километри од Стариот Град Будва. Општи информации: Хотелот поседува ресторан, пицерија, баничарница, бесплатен интернет, бесплатен паркинг. Сместување: Собите се опремени со  клима, ТВ, Wi-Fi, опремена кујна, купатило со фен, тераса. Услуга: Ноќевање со доручек.  
Vila BIMBOR

Vila BIMBOR

Локација: Хотелот се наоѓа на главното шеталиште на самата плажа. Општи информации: Хотелот поседува кафетерија, тераса, рецепција. Сместување: Собите се опремени со  клима, сателитска ТВ, Wi-Fi, мини-кујна/фрижидер, купатило со туш/када, тераса. Спорт и забава: дискотека (во близина).   1/3 апартм